На прво место

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи!

Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го охрабрила поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да влезе во трката за генерален секретар на Обединетите нации. Според истите наводи, Вашингтон проценува дека би можел да добие поддршка и од Русија и од Кина. Орбан покажал интерес, но сè уште не донел конечна одлука за кандидатура.

Тука почнува проблемот за Филипче и СДС: ако големите сили најдат заеднички јазик, ќе остане најтешката дипломатска пречка — согласноста од Филипче и СДС.

Замислете ја сцената: во Њујорк се пребројуваат гласовите, дипломатите преговараат, телефоните ѕвонат, а од Скопје пристигнува итна порака: „Почекајте со изборот, подготвуваме прес-конференција!“

Вашингтон би можел да ја објаснува својата стратегија, Москва своите интереси, Пекинг својата проценка. Партискиот штаб на СДС би имал пократко образложение: „Не може. Не ни се вклопува во соопштението.“

Ако прес-конференцијата не помогне, останува најсилното оружје: уште една прес-конференција. Овојпат со поголем наслов. А дотогаш, во Советот за безбедност на СДС, седницата може да почне.

Трамп може да предлага, Орбан може да размислува — Филипче барем има право да закаже прес-конференција.

 

Најново од: На прво место

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната. Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на […]

Во Полице откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија дома

Споменикот е дело на Петро Алексовски и е подигнат со поддршка на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Во полскиот град Полице денеска, 19 ноември 2026 година, беше откриен првиот споменик во Полска посветен на децата бегалци од Егејска Македонија кои не се вратија во родните краишта, туку го поминаа животот во Полска и […]

To top