Коментари

Свети Илија – чуварот на Македонија и вечен закрилник на македонскиот народ

Александар Џеповски

Александар Џеповски

Свети Илија длабоко живее во духовната свест на македонскиот народ. Неговиот празник, Илинден, е еден од најголемите и најславните празници во Македонија – ден во кој се спојуваат верата, историјата, борбата за слобода и љубовта кон татковината.

Македонците од памтивек го почитуваат Свети Илија како силен заштитник и небесен чувар. Во народното верување тој господари со громовите и молњите, носи дожд во време на суша и ја покажува Божјата сила дури и среде топол и сончев ден.

Светиот пророк Илија живеел во IX век пред Христовото раѓање. Потекнувал од Ароновото племе и бил роден во градот Тесвит, поради што е наречен Тесвитец. Според преданието, кога се родил, неговиот татко Савах видел ангели околу него како го повиваат детето со оган. Тоа било знак дека од Бога ќе му бидат дарувани огнена ревност, духовна сила и пламен карактер.

Речиси целиот живот го поминал во молитва, пост и служење на Бога. Бил непоколеблив борец против идолопоклонството и неправдата и храбро сведочел за вистинската вера. Светото Писмо сведочи дека пророкот Илија не ја завршил земната служба на вообичаен начин, туку бил вознесен на небото во огнена кочија.

Илија повторно се појавува при Преображението Господово, кога заедно со Мојсеј разговара со Господ Исус Христос на гората Тавор. Со тоа станал сведок на Христовата божествена слава, на вечниот живот и на исполнувањето на Божјите ветувања.

На 2 август Божјата црква го прославува чесното и свето име на Божјиот пророк, чудотворец и боговидец – силниот ревнител за верата и сведок на славата Божја, светиот пророк Илија.

Во неговиот тропар се вели:

„Ангел во телото, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање – Илија славен, откако одозгора му испрати благодат на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажани очистуваше.“

Затоа Свети Илија им дарува духовна сила, надеж и исцеление на сите што со искрена вера го почитуваат и го повикуваат неговото име.

Илинден во Македонија одамна не е само црковен празник. Тој е дел од македонската историска судбина и симбол на вековната борба за слобода. Под името на Свети Илија се испишани најсветлите страници од нашата историја – од древната борба на македонскиот народ, преку Крушевскиот Илинден од 1903 година, до заседанието на АСНОМ на 2 август 1944 година и создавањето на современата македонска држава.

Свети Илија отсекогаш бил духовен закрилник на македонскиот народ. Тој е присутен таму каде што живеат Македонци, каде што се чуваат македонската вера, името, јазикот, традицијата и споменот на предците.

СВЕТИ ИЛИЈА ОД СЕГОГАШ ПОМАГАЛ И ГО ШТИТИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДОКАЗ СЕ ТРИТЕ ИЛИНДЕНИ ОД ХЕРОНЕЈА ПА ДО ДЕНЕС. САМО СО НЕГОВА ПОМОШ ПРЕКУ БОГА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ПОСТОИ И ОДИ НАПРЕД. СРЕЌЕН ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ И ЗА МНОГУ ГОДИНИ НЕКА НЕ ПРАТИ, ЗАШТИТУВА И БИДЕ СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ВЕК И ВЕКОВИ.

АМИН !!!

За многу години!

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Најнови вести

To top