Дијаспора

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија

Во сите храмови биле отслужени свети литургии и прочитано Илинденското послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан големиот празник Илинден.

Од Епархијата информираат дека во сите храмови биле отслужени свети литургии, на кои било прочитано Илинденското послание на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во својата порака, Архиепископот истакнал дека трите Илиндени – 1903, 1944 и 1991 година – претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и за вековниот стремеж на македонскиот народ кон слобода и државност.

Тој потсетил дека „слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачува“, повикувајќи го народот да им се врати на верата, правдата, честа и достоинството.

По светите богослужби, во сите црковни општини биле организирани пригодни духовни, културни и забавни програми, на кои бројни верници заеднички го прославиле големиот празник.

„Со свечените академии, културно-уметничките настапи, народните веселби и братските трпези уште еднаш беше потврдено дека македонските православни цркви во Австралија се живи чувари на православната вера, македонскиот идентитет, јазикот, културата и илинденскиот завет“, се наведува во соопштението на Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ–ОА.

Најново од: Дијаспора

Честит Илинден до сите Македонци каде и да се!

Редакцијата на „Македонска нација“ – mn.mk им го честита големиот национален празник Илинден на сите Македонци во Република Македонија, во Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа, како и на македонското иселеништво ширум светот. Илинден е симбол на македонската борба, слобода и државност. Тој е вечниот пламен што ги поврзува илинденците од 1903 година со […]

„Илинден во нашите срца“ – нова поетска антологија на Македонците од Австралија

Душан Ристевски-Македон Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј објави антологија со песни посветени на Илинден и на илинденците – трајно сведоштво за љубовта кон Македонија, непокорот и борбата за зачувување на македонскиот идентитет. По повод Илинден, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј ја објави поетската антологија „Илинден во нашите срца“, во која се […]

Традиционалните 53. Љубански илинденски иселенички средби

Љубојно повторно ги собра Македонците од татковината и од светот во чест на Илинден, македонската традиција и нераскинливата врска со родното огниште На 1 и 2 август 2026 година во Љубојно се одржаа традиционалните „53. Љубански илинденски иселенички средби“. Оваа манифестација има големо значење не само за Љубојно и Преспа, туку и за цела Македонија, […]

Премиерот во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик

Премиерот во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик Млади Македонци од дијаспората ќе го изучуваат мајчиниот јазик и ќе се запознаваат со македонската култура, историја и традиција Премиерот на Владата на Република Македонија во Охрид ја отвори Летната школа за изучување на македонскиот јазик, на која учествуваат деца на македонски иселеници […]

Илинден – најголемиот празник кај македонското иселеништво во светтот

Илинден – вечниот македонски факел на слободата и државноста Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година се двата најголеми историски столба на македонската борба за национално ослободување и сопствена држава Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година се два од најголемите историски настани […]

Времето по повоениот период за семејството Стамевски (13)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Америка отсекогаш била „ветената земја” за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Исто така, мака видел Крсте и по војната. Мака видел од македонските […]

ТЕШКИ ОКУПАТОРСКИ И ПОВОЕНИ ВРЕМИЊА ЗА СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВСКИ (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Америка отсекогаш била „ветената земја“ за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Процесот на доселување непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. […]

Австралиски документ од 1934 година: Подносителот е Македонец

Овој документ потекнува од Истражната служба на Комонвелтот на Австралија и е датиран 1 ноември 1934 година. Станува збор за службена преписка поврзана со постапката за натурализација на Атанас Васил Делианис. Неговата историска вредност е во тоа што австралиските власти службено забележале дека подносителот на барањето е Македонец, како и неговото објаснување дека Македонците под […]

To top