Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии.
Кој го прави тоа е предавник и продавач на Македонија. Е враг на македонскиот народ. Без разлика дали е од левата или од десната политичка сцена, дали е обичен човек или пак е претседател на државата.
Македонија го даде знамето и што доби? Не бидете наивни: Грција сака да ја искорени Македонија и македонскиот народ!
Грција е окупатор на голем дел од Македонија и нема ниту морално ниту историско право за името.Тоа го признават сите независни историчари.Еве што напиша и што предлага еден познат полски коментатор, кој се занимава со балкански проблеми: нека Грција прими име – “Бивша Отоманска Провинција Грција”.
БЕЗ ИМЕТО ЌЕ ЈА НЕМА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ГО НЕМА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
Од името на Македонците во Полска – Мито Алексовски, Претседател на Полско-Македонското друштво за пријателство, некогашно “дете бегалче” од селото Шештево – Костурско, Егејска Македонија.
Полска, 04.01.2010 г.