Дијаспора

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината.

Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале со нејзино преуредување.

На едно од црковните собранија одлучиле храмот да го носи името на светите просветители и учители Кирил и Методиј. Црквата била осветена во 1988 година.

И во туѓина, како што вели отец Рубинчо, се негуваат истите обреди и обичаи како во татковината:

„Свештениците настојуваат да ги одржат традициите на Македонската православна црква. Децата на младите христијани се крштаваат во нашата црква за да бидат прифатени во христијанската заедница. Православната црква се збогатува со нови членови со самото крштевање во овој купел.“

Македонските православни цркви во САД се изградени со цел да ја зачуваат верата и да ги продолжат традициите на македонските иселеници. Литургии се одржуваат секоја недела и за празниците, а според сведоштвото на отец Рубинчо, бројот на членовите на заедницата расте од година во година.

„Ширењето на православната вера е наследно. Ние настојуваме да ја одржиме таа вера кај нашите доселеници и поколенијата кои доаѓаат на овие простори. Настојуваме да градиме љубов спрема својата црква, како и спрема нашата татковина“, истакнува отец Рубинчо.

Во своето сведоштво, тој ја нагласува и поддршката од надлежниот архиереј за северноамериканскиот континент, владиката Методиј, кој со посети два-три пати годишно ги охрабрува верниците да продолжат со својата мисија – зачувување на македонскиот јазик и православната вера.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германиј

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

To top