Коментари

Рејтинг не се гради со соопштенија и прифаќање туѓи барања

Македонска Нација

Македонска Нација

СДС не може да ја врати довербата на граѓаните со секојдневни соопштенија, ширење песимизам и напади врз сè што се гради. Довербата се заслужува со работа, резултати и заштита на македонските национални и државни интереси.

По седумгодишното владеење со ДУИ, СДС денес се обидува да создаде впечаток дека е сериозна опозиција. Но, граѓаните добро паметат во каква состојба ја оставија Македонија: со недовршени автопати, заглавени железници, нерешени имотно-правни односи, проекти само на хартија и корупција на секое ниво.

СДС, предводен од Венко Филипче, очигледно не може да прифати дека Македонија повторно се движи напред. Наместо да извлече поука од изборниот пораз, партијата продолжува со истата политика – многу зборови, малку одговорност и поддршка на барања што мнозинството македонски граѓани ги отфрла.

Во едно се во право – не е завршено сè. Ниту некој тврди дека проблемите наталожени со години можат да се решат преку ноќ. Но разликата е во тоа што денес проблемите се решаваат, а проектите се придвижуваат.

Најдобар пример е автопатот Кичево–Охрид. Проектот што со години беше симбол на доцнење и неспособност конечно се движи кон целосно завршување. Најтешката делница, долга десет километри, со галерии, мостови, вијадукти и најдолгиот патен тунел во Македонија, треба да биде пуштена во употреба во следните месеци. Целиот автопат, според најавите, треба да биде завршен до мај следната година.

Министерот за транспорт Александар Николоски посочи дека околу 80 проценти од времето и енергијата на Министерството се насочени токму кон решавање на бројните наследени проблеми на овој автопат.

И тука најјасно се гледа разликата. Додека СДС седум години бараше оправдувања, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги решава проблемите и ги претвора ветувањата во резултати.

Она што оваа Влада денес го реализира, владите на СДС можеа само да го сонуваат. Во Македонија истовремено се градат шест автопати, интензивно се работи на железничкиот Коридор 8, се подготвуваат активности на Коридорот 10, а само преку владините проекти во општините се отворени повеќе од 1.200 градилишта.

Резултатите се видливи и во авиосообраќајот. Благодарение на политиката за привлекување авиокомпании и отворање нови авиолинии, македонските аеродроми поставуваат историски рекорди.

Само во јули биле опслужени повеќе од 460.000 патници. Низ Меѓународниот аеродром Скопје поминале 409.000 патници, а биле реализирани 2.670 летови. Охридскиот аеродром опслужил 52.500 патници, што претставува раст од 41 процент во споредба со истиот период минатата година.

Ова не се само бројки. Тоа се повеќе туристи, поголеми приходи, нови деловни можности и посилно меѓународно поврзување на Македонија. Ако продолжи ваквото темпо, земјата наскоро може да достигне четири милиони патници годишно – резултат што до неодамна изгледаше недостижен.

Затоа граѓаните со право го прашуваат Венко Филипче: Што изградија владите на СДС и ДУИ во текот на седумгодишното владеење?

Каде бевте седум години и зошто проектите што денес забрзано се градат не ги завршивте додека бевте на власт?

Филипче треба да одговори и зошто СДС продолжува да поддржува политики и барања што македонските граѓани јасно ги отфрлаат. Партија што не го слуша народот и постојано се приспособува на туѓите интереси не може повторно да ја добие неговата доверба.

Рејтинг не се гради со соопштенија, песимизам и напади. Уште помалку со национални отстапки. Рејтинг се гради со работа, резултати и одговорност пред народот.

Разликата е јасна: СДС и ДУИ оставаа недовршени градилишта и прифаќаа туѓи барања, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги решава наследените проблеми, ги придвижува проектите и работи за Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top