На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од анализите за водата треба да ги објави ЈП „Комуналец“ Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од анализите за водата треба да ги објави ЈП „Комуналец“ Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на Наташа Поповиќ од СДС, нагласувајќи дека резултатите од испитувањата на водата во Гостивар треба да бидат побарани од градоначалникот Валбон Лимани и од ЈП „Комуналец“ Гостивар.

Од партијата посочуваат дека анализирањето, испитувањето и објавувањето на резултатите се во директна надлежност на јавното претпријатие.

„Секоја анализа, секое испитување и неговото објавување е директна надлежност на ЈП ‘Комуналец’ Гостивар. За ова прашање нека се обратат до Валбон Лимани и нека му кажат да ги објави резултатите“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот е надлежен за именување и разрешување на директорот на ЈП „Комуналец“. Партијата тврди дека одговорноста за направениот превид при дистрибуцијата на водата е кај раководството на претпријатието, додавајќи дека директорката е приведена.

Во реакцијата се наведува дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, интервенирала поради неспособноста на градоначалникот и локалните институции. Оттаму велат дека водата била исчистена во рекорден рок, по што најпрвин била пуштена за техничка употреба, а потоа и за пиење.

Од партијата додаваат дека во меѓувреме на жителите на Гостивар секојдневно им била доставувана флаширана вода, додека СДС, како што тврдат, не донирал ниту едно шише.

„По еден месец кризата во Гостивар е минато. Обвинителството треба да ја утврди одговорноста и да бидат казнети сите што имаат и најмала индиректна одговорност за случајот“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се упатуваат обвинувања и до поранешните министри за здравство од СДС, вклучувајќи го и претседателот на партијата, Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека до него стигнале повеќе од 400 испитувања за загадена вода, но дека не реагирал.

„СДС и Филипче со години не реагирале, а денес само обвинуваат. Граѓаните го препознаваат нивното лицемерие“, се наведува на крајот од партиската реакција.

Најново од: На прво место

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

Големиот син на Македонскиот народ — Методија Андоновски-Ченто

Методија Андонов-Ченто беше и остана во срцата на македонските патриоти. Ченто – идеалот за слободна Македонија Од архивата на „Македонска нација“ Пишува: Драган Богдановски Во продолжение пренесуваме јазично уредена верзија на текстот на Драган Богдановски, објавен во списанието „Македонска нација“, број 63, на страница 4. Зачувани се основната авторска порака и критичкиот тон, со корекции […]

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 до 16 октомври 2026 година. Делегацијата ја предводеше […]

To top