Дијаспора

Спознавањето на возможното е прв чекор кон среќата

Takes1

Gordana 3

Трето продолжение од книгата “По стапките на Гоце, Јане, Даме – За хероината Гордана Димовска од Гордана Такец

Спознавањето на возможното е прв чекор кон среќата.

Gordana 2

Постојат, всушност се раѓаат луѓе оптимисти кои секогаш ја глеадаат светлата странана животот, секоја работа им се случува со леснотија, насмеани се, ведри, наликуваат на оиние кои како да се ослободени од проблемите кои ги создава животот.

Најголемиот процент од таа популација се децата. Секогаш се среќни, весели брзгрижни, и полни со надеж. И живеат во сегашноста, затоа што нивната реалност е играта.Децата веруваат и знаат дека можат да направат се. Го одбираат она што го сакаат и подготвени се да го научат се она што е потребно за тоа.

Во тоа и лежи основата на детската среќа.

Гордана Димовска уште во своите најрани години ја покажува својата љубов кон пишаниот збор и македонскиот јазик. Нејзиниот сериозен пристап кон училиштето и стекнувањето на знаења, ја издвојува од останатите деца.

Таа сака да истражува, да  учи, со секоја своја клетка, мисла и активност, со сиот свој детски капацитет го трасира патот кон науката, сите нејзини желби и способности и многу љубов, ги насочува кон верувањето  дека само тоа што го прави остварливо, може да ја направи среќна.

Многу рано станува позната по своето пишување, во најраните училишни денови, со сите свои сетила, го перцепира светот околу себе, на себеси својствен начин и знае дека читањето, учењето и науката се единствените вистински вредности кои можат да и подарат поубав, посреќен, понтересен, речиси волшебен свет.

Кон секој училишен предизвик пристапува одговорно , сериозно, зрело, свесна и убедена дека тоа е она што може да ги исполни нејзините надежи и тежнеења.

А таа тежнее кон лична своја определба, за мудар чекор низ животните патишта, исполнет со сериозен пристап кон се што се истражува пред нас.

Мудра и во своите одлуки иако сеуште дете, таа ја одбира книгата, читањето, успехот во училиштето, сето тоа  поткрепено со голема љубов кон татковината.

Сите ние се раѓаме без прирачник за правилно користење на умот.

Нашата најсилна алатка.

Малото девојче Гордана, е едно од реткитемеѓу своите врсници, кое својот природен инстинкт го користи најразумно, свесна за ограничувањата и тешкотиите кои ги создава животот, од мали нозе ги прифаќа правилата воспоставени од овој наш свет, ги почитува, но тоа не е пречка да ги оствари своите надежи, таа умно одбира свој начин за да зачекори по патот на среќата, наоружана со љубов и желба за наука , верувајќи во сопствените способности, таа и успева во тоа.

По се она постигнатото во тие години, таа е високо над просекот.

Патот кон успехот на денешната Гордана Димовска е одамна трасиран. Уште во нејзиното детство.

Денес ТАА е повеќе од МИСЛА, ОД ЉУБОВ, ОД УСПЕХ. Таа денес е ВИСТИНА.

Реална, опиплива, стварна, сегашна и идна. Гордана Димовска е ГЕНИЈ. ГИГАНТ. ТАА Е ИНСТИТУЦИЈА.

Гледано од овај агол и видено со моите очи , се она што претставува плод на нејзиниот талент облагороден со работа и труд и една визија како зацртана слика кон иднината ја претставува како личност достојна за почит.

Гордана Димовска не е обичен човек. Уште како дете се издвојува од останатите свои врсници и соученици по се она кое ја прави посебна. За неа детските игри претставуваат краткорочен предизвик. Таа не е поборник нити учесник во детските палавости.

Секој миг од своето детство и го посветува на книгата, тоа бесценето богатство кое денес од неа создава грандиозна фигура во книжевноста и литературата.

Таа има широк поглед кон се она што ја опкружува.

Универзумот го перцепира со сите свои пет сетила, дури и повеќе од тоа, затоа што таа умее да гледа , да слуша, да го доживува, да го чувствува, не само она што не опкружува.

Нејзините мисловни способности, интелегенција, талент, нејзиниот копнеж кон откривање нови светови ја прави повење од обична.

Тоа е таа вистина која ја следи низ животот уште од најраните детски годни.

МИСЛАТА!

Мислата е таа што создава.

Одредена мисла на супстанцијата од која е создадено се на овај свет, предизвикува создавање на она што е замислено.

Таа супстанција од која сме и ние составени ЗНАЕ ДА МИСЛИ.

РАЗМИСЛУВА И МИСЛИ. Мислата или идејата за создавање на нејзиниот творечки опус лежи во нејзината човечка ДНК.

Тоа е таа интелегентна компонента која умее преку најразличните форми што ги создава, да се изразува со збор, со мисла преточена во запис на хартија, со компонирање на стихови, пишување раскази, тоа е таа материјална реалност, постоечка , сегашна, присутна и за век запишана во нејзиното творештво.

Затоа што Гордана Димовска секогаш била насочена кон сопствениот развој, во природата на нејзината интелегенција е да се зголемува квалитето на се она што создава , да ги проширува своите граници на знаење работејќи на сопствениот се подобар и подобар израз.

Интелегенцијата е жива материја.

Гордана Димовска е човекот кај кого интелегенцијата создала цел мисловен центар.

Почнувајќи од мислата, замислата, идејата за креирање, преку несебичната и огромна љубов кон она што ја опкружува со исклучително вреден акцент на љубовта за родната Македонија, Гордана Димовска создава.

Животот се движи напред со огромна брзина, нејзините мисловни креации преточени во конкретно литературно дело не запираат.                      

Колку е сеопфатна креативноста на Гордана Димовска, полето на кое таа создава и вистински голема, искрена и чесна љубовта кон МАКЕДОНШТИНАТА , говорат следните авторски трудови на  Г.Димовска:

МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА ВО 16 ВЕК

Низ вековите македонската традиционална облека привлекувала огромно внимание кај голем број странски патеписци, писатели, уметници.Се смета дека пред 18-тиот век, најуспешни проучувачи на состојбата на земјите под Отоманска империја, етничките разлики, биле Венецијанските и Германските дипломати. Тие најмногу посветиле дел од своето време и оставиле веродостојни записи.

Делото наречено “Le navigationi et viaggi fatti nella Turchia” – напишано од Николас Де Николај кој живеел од 1517 до 1583 посебен акцент е ставен на традиционални костими низ Европа во 16- тиот век. Неговите книги биле преведени на четири странски јазици , во седум изданија и преку насликаните портрети го запознале светот со балканските земји под Отоманска империја.

Конкретно оваа книга била отпечатена во Венеција во 1580 година. Во неа и безброј други се

претставени македонски носии од 16-от век. Посебно впечатлива е сликата на ‘Македонската жена‘ Donna di Macedonia, која претставувала еден вид на икона во уметничките дела од тој век.

Со овој портрет доживеал голем успех. Уметниците ја нарекувале ‘посебно елегантна‘, модерна немажена македонска девојка. Таа носи шапка налик на турбан , украсена со мали танки дрвени парчиња прекриени со златно платно на кое бил нареден накит и во горниот дел формирале круна. Девојката во рацете држи леб. Оваа фотографија се појавила и во делата на Де Брун,

Бертели и Боисард кои направиле мали измени, всушност тие го отфрлиле лебот и ја претставиле како Девица рамо до рамо со уште една постара македонска жена.

Иако во многу други слики не било претставено , сепак многу млади и убави лица на македонските девојки биле покриени со преубав свилен превез кој паѓал се до половината.

”(Rosenthal and Jones, 2008: 426-427). Во изданието на венецијанецот Векелио (Cesare Vecellio), од 1590 година, пишува за Македонија, односно за локален македонски херој кој се борел против Турците и за тоа да ја одржи христијанската вера во таа провинција. Во едно од неговите изданија Habiti antichi et modernidi tutto il mondo 1598, била направена споредба на венецијанска девица со македонската и на тој начин ги прикажувале културните норми на семејната чест преку облеката на девиците. Социјалните норми претставени преку прикриени и полу скриени тела на млади жени, укажувале на разликите на жените од Медитеранот и оние на Отоманската империја.

И овие се само дел од вредните податоци за Македонија во 16-тиот век, претставена преку уметничките слики на македонската жена во нејзината традиционална носија.

Гордана Димовска

Објавено во Македонска нација 16 мај 2012

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top