Дијаспора

ВО МОТЕЛОТ ВО ЗЕЛЕНИЧЕ – РОДНОТО МЕСТО НА СТИВ ПЉАКАС (20)

g123

g123

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Се упативме кон Зелениче по патот што оди низ малечка а живописна клисура чии ридови на поголемиот дел не се пошумени. На патот, за жал, не сретнавме ниту возило, ниту патник, веројатно од причини што во тие попладневни жештини на денот луѓето во Грција, слично како и во Шпанија се одмораат и, освен да отседнат во кафеаните немаат друга работа, бидејќи се членови на Европската Унија и ја молзат како швајцарска крава.     

Брзо се искачивме до рамницата каде е сместено селото Зелениче. Најпрвин се соочивме со таблата на која на грчки и латиница го пишува променетото име на Зелениче – Склитрон. По долго и на моменти непријатно патување, кое беше исполнето со голема желба да се посети и види родниот крај на нашиот пријател Стив Пљакас, стасавме во славното Зелениче.

Инаку, селото Зелениче  е лоцирано на педесеттина километри јужно од градот Лерин, на 5 километри југозападно од Ајтос (каде и припаѓа) и на три километри западно од езерото Зазерци во котлина во подножјето на Керечката планина, дел од планината Вич, на главниот пат од Сорович (Аминдео) за Костур.

Селото лежи на една котлина обиколена од сите страни со високи сртови. Се смета дека селото Зелениче го добило името поради изобилството на зеленило во околината. Во него живеат Македонци и православни Турци (Просвиги).

Зелениче е едно од најстарите села во регионот и постои од пред 1.300 година. Селото за првпат се споменува во отомански Дефтер од 1481 година под името Желенич. Во XIX век Зелениче е големо мешано село со македонско и турско население.

Според некои бугарски документи, во 1900 година Зелениче имало околу 1.800 жители православно македонско население, околу 500 Турци и околу 70 Роми, или вкупно околу 2.400 жители. Во тој период, македонските христијани на Зелениче биле под јурисдикција на Бугарската егзархија.

Од друга страна, пак, според грчки податоци во почетокот на минатиот век во селото имало 150 семејства муслимани 150 егзархисти и 65 патријаршисти. Меѓутоа, една е вистината. Во Зелениче отсекогаш живееле Македонци, затоа, во Зелениче има две цркви – „Свети Димитар“ (1864) и „Свети Ѓеорѓи“ (1867)., кои без разлика под каква и чија јурисдикција се, тие ќе останат да го чуваат македонското население во ова големо, убаво и значајно македонско село.

g1234

Селската црква

Исто така, според пишаните документи, во 1912 година Зелениче имало 2.232 жители, а во 1920 година 2.219 жители. По иселувањето на 170 семејства, или 1.100 жители од турското население во 1924 година, во селото се населиле бегалски семејства од Мала Азија, но ги има и од Кавкас и од Истанбул (Маџири), чиј број изнесувал околу 350 бегалци.

Во 1927 година, како и сите топоними во Егејска Македонија, и селото било прекрстено во Склитрон. Покрај населувањето со бегалски жители во триесетите години од минатиот век, сепак, во селото се покажува намалување на бројот на жителите, кое  се должи на големиот број иселувања на Македонците во прекуокеанските земји и во Бугарија

Поради Граѓанската војна селото го напуштиле околу шеесет семејства, од кои триесетина пребегнале во поранешна Југославија, а триесетина во источно европските земји. Како резултат на тоа, по пописот во во 1951 година селото броело 1.153 жители, во 1961 година 1.084, а во 1971 година 853, а денес во селото има околу 600 жители, од кои поголемиот број е македонско христијанско население.

Жителите на Зелениче се занимаваат со земјоделство, особена садат компири и детелина, а има и повеќе семејства кои се занимаваат со сточарство и неговите производи. Интересно е да се спомене дека секоја година во август во Зелениче се одржува Фестивал на компирот.

Македонскиот народ во Зелениче, а и во целиот егејски или беломорски дел на Македонија, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички им е туѓ на Грците (Просвигите). Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист.

Затоа, националниот состав на населението во овој дел на Балканот има претрпено големи етнички промени, особено по балканските војни и поделбата на Македонија.

До балканските војни македонското население во Егејска Македонија било најбројно. Македонците под грчка власт биле и сѐ уште се изложени на асимилаторска тортура и присилна миграција, со единствена цел да се измени етничкиот состав на Македонија.

Меѓутоа, Македонците не само што постоеле, постојат, туку и ќе постојат, зашто не е лесно да се искорени еден народ, таму каде што живеел со векови и покрај сите мерки на насилство и денационализација.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top