Дијаспора

СТИВ ПЉАКАС И ВИСТИНИТЕ ЗА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (30)

bit5

                         bit5

                  ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Исто така, е факт дека на 23 август 1953 година е донесен Декрет за колонизирање на граничните региони со „нови колонисти кои имаат здрава национална свест“, а тоа беше христијанско турско население, Просвиги (Маџари). Затоа, тие таканаречени Грци се населија во местата од каде што Македонците беа прогонети или натерани да емигрираат. Со истиот Декрет голем број Македонци, бегалци од Грција, беа лишени од грчко државјанство, а нивните имоти се конфискувани.

Стив Пљакас вели: „Во 1959 година грчката влада донесе закон кој е преседан над преседаните, барајќи од македонското население задолжителна изјава на лојалност. Поради тоа, грчките власти побараа од населението во селата во Леринско (сега Флорина) и Костур (сега Касториа), Воден (сега Едеса) и тн. потврда дека јавно не го зборуваат македонскиот јазик.

Ваквите мерки, беа преземени и кон иселениците од егејскиот дел на Македонија, во Австралија и Канада. Во прилог на ова, во 1967 година беше спроведен закон со кој се забранува употреба на македонскиот (славјанскиот) јазик, што беше чин на одземање на државјанствата, како и други мерки за асимилација на Македонците“, потврдува Стив Пљакас и продолжува.

„Непобитна е вистината дека асимилацијата на Македонците од грчките власти низ разни форми и начини, продолжува и сега, и тоа низ системот на образованието.  

Оние кои се декларираат како Македонци не се во можноста да најдат вработување во која било државна институција, што се потврдува преку целата нова серија закони и прописи кои се дискриминаторски кон македонското национално малцинство.

На пример, ќе нагласиме дека со одлуката од 1982 година, во однос на репатријација на грчките граѓани и политички бегалци, дозволено е само „Грци по род“ да се вратат во Грција, односно оние кои ќе се откажат од својот македонски или турски и албански идентитет и ќе прифатат грчки имиња.

Законот од 1985 година, исто така, содржи дискриминаторска клаузула која ги спречува Македонците во Република Грција за остварување на правото на сопственост на имот.

bit6

Потоа, во 1986 година грчката влада го стави Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на листата на странски академски институции, чии дипломи не се признати во Грција, со образложение, дека предавањата на овој универзитет бил на јазик кој не е „меѓународно признат“, вели Стеве Пљакас.

Ова покажува дека официјалното негирање на постоењето на македонското национално малцинство останува постојана цел на грчката политика, без оглед на тоа дали е лева, десна или профашистичка.

Во поново време, асимилаторската политика на Атина, уште еднаш се сврте против припадниците на македонското национално малцинство. А, слична е судбината и на турското, албанското, влашкото, ромското и другите малцинства кои се многубројни во Грција. Некои „вистини” на грчката “демократија” продолжуваат да бидат очигледни, а странскиот фактор да ги толерира.

Според Стив Пљакас: „Факт е дека Република Грција (Елада) одбива да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име со образложение дека употребата на името ги покажувало наводните територијални претензии кон делови од грчка Македонија, до неодамна Северна Грција.  

Невидениот  притисок и уцени врз Република Македонија што го наметна Грција со неофицијалната блокада во есента 1992 година, со затворање на границата кон Македонија сè до февруари 1994 година, имаше за цел да ѝ нанесе економска штета, деградирање на инфраструктурата, како и фрлање на колена на својот северен сосед, Република Македонија.

Продолжува

slavek 1

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top