Дијаспора

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Славе Катин

Славе Катин

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. Поради своето потекло од Гостиварско, тој е длабоко поврзан за Македонија, каде бил на неколку наврати. Според биографските податоци, д-р Ферид Мурад е роден на 14 септември 1936 година, во Вајтинг, Индијана.

Неговата мајка била Американка и се викала, Хенриета Џозефина Баумен. Таа била родена во 1918 година во Алтон, Илиноис и била трета од шесте преживеани деца на Елизабет Лилијан и Андреј Орви Бауман (кој бил од славјанско-еврејско потекло). Хенриета завршила само основно образование, по што морала да престане со наставата бидејќи требало да помага во домот и да се грижи за браќата и сестрите. Браќата на Ферид, Џон Абдерхаман (Абдураман) и Турхон Ален се родени во 1938 и 1944 година, исто  така, во САД.

По машка линија, пак, неговиот татко Џабир Мурат (Ејупи) бил роден во гостиварското село Лакавица во 1892 година и бил најстар од четирите деца. Неговата мајка починала кога тој имал 13 години. Таткото на Џабир и неговото семејство биле овчари, затоа тој како тинејџер избегал од дома и отишол да продава бонбони низ балканските земји. Пред да умре на возраст од 84 години, во 1976 година со својот син отишол да ја посети  родната Лакавица.

Инаку, иселеничката приказна на Џабир Мурат започнала од Австрија, кога со група млади бегалци од Балканот во 1913 година со брод заминал за САД. Како и сите емигранти морал да помине преку Бирото за емиграција на островот Елис, кај Њујорк. Таму го запишале како Џабир Мурад (наместо со „Т“ со „Д“), а бидејки во тоа време Македонија ја распарчувале (делеле) соседните земји, а Албанија само што била конституирана во 1912 година. Веројатно, Џабир изјавил или, пак, од американската администрација бил запишан дека е од Албанија. 

Од Њујорк со група емигранти од Балканот, претежно Македонци, Џабир Мурад, кого го викале Џон Мурад, заминал за Кливленд, потоа за Детроит и се преселил во Вајтинг, Индијана каде на 39-годишна возраст во 1935 година  се оженил со Хенриета.

Ферид Мурад потекнува од мултиконфенсионално семејство. Неговиот татко како македонски Албанец бил муслиман, додека неговата мајка била католик. Неговите браќа станале католици кога се ожениле со жени католички, а Ферид уште кога бил во колеџ бил крстен во Епископална црква, англиканска црква и постанал христијанин. Неговата сопруга Хенриета припаѓа на Христијанска презвитеријанска црква, а од нивните ќерки, на едната мажот и е Евреин, а на другата католик по вероисповед.

Интересно е да се спомене дека Евреите препознаваат националност по мајка, Албанците, пак, немаат правило и доколку едниот родител е Албанец, личноста ја прават дека е Албанец. Точка. Такви се случаите со света Мајка Тереза, која по татко Македонка е христијанин, а по мајка муслиманка е Албанка. Истиот или сличен случај е и со нобеловецот професор д-р Ферид Мурад, кој се декларира како христијанин, иако по татко е муслиман Албанец, а по мајка католик, Американец, за Албанците е Албанец. За жал, само Македонците бараат родителите да бидат  ептен „чисти“ Македонци, па тогаш личноста е Македонец, а со мешани бракови  се декларираат како им одговара, што не е исправно и добро,  бидејќи ние етничките Македонци сме изгубиле многу видни личности во светот кои водат македонско потекло (н.з).

Во биографските податоци на Ферид Мурад се вели дека, бидејќи неговите родители не можеле да си дозволат да му ги платат трошоците за неговото образование, затоа уште кога започнал да учи во колеџ и на факултет добил стипендија. По завршувањето на колеџот успеал да се запише на Универзитетот „De Pauw“ во Гринкасл, каде студирал во периодот од 1954 до 1958 година. За време на студирањето често се обидувал да работи и дополнително, се со цел за да ги покрие големите трошоци.

Во 1957 година за време на распустот, во Форт Лодердејл, Флорида, се сретнал со неговата идна сопруга Керол Ен Леополд, со која почнал да се забавува. Неколку недели по завршувањето на студиите на Универзитетот „De Pauw“, односно на на 21 јуни 1958 година се венчале.

Исто така, во неговите биографски податоци е запишано дека по завршувањето на универзитетот, Ферид Мурад како доктор работел на повеќе работни места. Често пати и напорни ноќни смени. Потоа решил да оди во Општата болница во Масачусетс  (1965-1967), каде што бил со светски водечки научници, професори и лекари. Се вработил во американскиот Институт за национално здравство (NIH) каде останал повеќе од три години (1967-1970). Потоа, од Универзитетот во Вирџинија бил повикан да развие нов клинички фармаколошки оддел во Департманот за медицина со назнака, како вонреден професор по медицина и фармација. На Факултетот на Универзитетот во Вирџинија се приклучил на 1 септември 1970 година. Таму останал до 1981 година, каде што бил промовиран и како еден од најмладите професори во 1975 година.

Како претседавач на медицина или фармација, тој бил во можност да види многу универзитети низ целата земја. Потоа, во јули 1981 година, решил да оди на Стенфорд како шеф по медицина на Болницата за воени ветерани во Пало Алто. Таму бил и професор по медицина и фармакологија и соработник на претседателот. Во 1993 година заминал од „Abbott Laboratories“, една од најголемите американски фармацевтски компании, за да биде основач, претседател и извршен директор на новата биотехнолошка молекуларна геријатриска корпорација (Molecular Geriatrics Corporation). Планот бил да се создадат уште поинтензивни истражувања базирани на биотехнолошката компанија, но, за жал, овој проект пропаднал, па Мурад заминал за Тексас,каде  во април 1997 година, на Универзитетот во Хјустон станал претседател на одделот Интегративна биологија.

Додека работел во Хјустон, во 1998 година заедно со уште двајца научници ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина, поточно „За откривањето на улогата на азотниот оксид како сигнален молекул во регулирањето на кардиоваскуларниот систем“. Покажал дека нитроглицеринот и сличните лекови дејствуваат како вазодилататори во формирањето на телото на азотен оксид NO, кои дејствуваат како сигнални молекули и имаат релаксирачки ефект врз крвните садови.

По добиената Нобелова награда, професор д-р Ферид Мурад продолжил како претседател на Одделот за интегративна биологија и фармакологија на Универзитетот Тексас, кога му било понудено да биде директор на Институтот за молекуларна медицина што тој ја прифатил.

Инаку, професор д-р Ферид Мурад е голем лобист за Македонија, а неговите успеси ги припишувал и како успеси на Македонија. Затоа, во јуни 2011 година од Министерството за здравство на Македонија му е врачена Благодарница за придонесот и развојот на медицината во Македонија. На 10 мај 2000 година МАНУ го избра за член надвор од работниот состав, а претседателот Ѓорге Иванов го одликува со Медал за заслуги за Македонија, за неговиот значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Соединетите Американски Држави.

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top