Досиеја

Тајните досиеја сведочат: Мане и Гојко Јаковлески членови на ДООМ под надзор поради македонската кауза во Берлин

Транскрипција на службена белешка од 16 октомври 1978 година

РСВР на СРМ СДБ – Скопје
Испостава на СДБ Струмица
[прецртано]
Струмица, 16.10.1978 год.

Евиденција бр. 132/18-266
17.10.1978 год.

СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА

Извор: [прецртано]

Објект: Емиграција

Лица: Гојко Јаковлевски, емигрант во Берлин
Мане Јаковлевски, емигрант во Берлин
Стојан Ковачев од Струмица, на привремена работа во Париз – Франција.

Разговорот е обавен по иницијатива на инспекторот.
Разговорот е обавен во просториите на ИСДБ–Струмица.

Во врска со активноста на членовите на ДООМ во Берлин, Мане и Гојко Јаковлевски, врската го изнесе следното:

„Негде во пролетта (март или април) 1978 година Гојко и Мане купиле комплет дресови за ФК ‘Илинден 1903’. За разлика од порано овој дрес нема натпис. Тоа го сториле од причина што порано југословенскиот конзулат реагирал во врска со натписот на дресот ‘Македонија – Ново Скопје’, фактички тоа е фирмата на Мане.

И Гојко и Мане лично пред мене често пати зборуваат и истапуваат, дека Југославија треба да се бори за одземање на Егејскиот и Пиринскиот дел од Македонија како што тоа го чини спрема Австрија за Корушка“.

Во врска со празникот „Илинден“ Мане во неговиот ресторан организирал прослава. На прославата присаствувале околу 40 лица Македонци на привремена работа во Берлин. Од Струмичани присуствувал Парамазов Наќе на кого брачната другарка се вработила како садоперачка во кујната од ресторанот на Мане.

Во почетокот на август 1978 година кај врската дошол Стојан Ковачев од Струмица инаку на привремена работа во Париз. Ковачев изјавил дека предходно ги посетил Мане и Гојко од каде бил испратен да се јави кај врската за да го поврзе со Ѓорѓиев Киро од Струмица со кого наводно биле блиски роднини. Ковачев кај врската се задржал околу 2 часа а потоа го замолил со колата да го пренесе до границата на Источна Германија бидејќи Киро Ѓорѓиев бил дојден на одмор и немал можност и да се сретнат.

По патот врската го прашал Стојан по кој основ дошол во Берлин, на што одговорил, дека дошол да се прошета. Самиот Стојан истакнал дека во Берлин престојува и во 1975 година. Изјавил дека е на работа во Париз, работел на лесна работа и имал доста време за шетање. Се пофалил дека имал и сопствена куќа во Париз.

ОЦЕНА НА ИНСПЕКТОРОТ

Напорите на Мане и Гојко не престануваат за што почестите контакти со наши работници на привремена работа во Берлин и нивно вклучување во манифестациите што тие ги организираат (фудбалски натпревари, прослави, свечености и др.). Тие во таквата активност дури финансираат и сопствени средства. Секако за нивната активност е дејноста на ДООМ.

Престојот на Ковачев во Берлин не е случаен. Тој остворил контакти со членовите на ДООМ – Мане и Гојко. Таква турнеја до Берлин остворил и во 1975 година, тоа зборува дека Ковачев е вклучен во активноста на ДООМ. Ваквата оценка уште повеќе се потврдува со фактот што тој при секој престој во земјата редовно контактира со лица судени за ВМ-дејност (Андонов Ѓорги од Струмица), неговите чести патувања за Бугарија како и напорите за собирање литература со пишувана содржина за битнието на македонската нација. Во врска со тоа ја барал и Историјата на македонскиот народ.

Во идните наши оперативни настапи и зафати ќе настојуваме активноста на Ковачев да ја документираме. И активноста на браќата Јаковлевски ќе ја следиме преку нашите оперативни врски во Берлин.

Отчукано во 4 примероци
3 до РСВР на СРМ СДБ Скопје
1 за инспекторот

Инспектор: [потписот/името е прецртано]

Најново од: Досиеја

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

Што видел Ниче Димовски-Македон додека седум дена бил во кома?

Во 1997 година, на 33-годишна возраст, Ниче Димовски-Македон, по тешка операција на хранопроводот во Германија, паднал во кома која траела седум дена. Преживеал, а подоцна пишувал за своите сеќавања од „другиот свет“. Години подоцна јавно изјавил дека доживеал клиничка смрт и дека имал необични визуелни слики, меѓу кои и визии поврзани со гробот на Александар […]

To top