Историја

Потеклото, карактерот и образованието на Александар Македонски

Славе Катин

Славе Катин

Темелите на подвигот на Александар Македонски

Воените успеси на Александар Македонски не можат целосно да се разберат без делото на Филип Втори.

Александар несомнено бил воен гениј кој со својата храброст, визија и командантски способности создал огромна империја. Но во неговите раце се нашла најдобро организираната војска на тогашниот свет.

Македонската фаланга, кралската коњица, искусните генерали, строгата дисциплина и сложената тактика биле создадени и усовршени за време на владеењето на Филип.

Токму затоа на Филип Втори Македонски му припаѓа значајно место и во историјата на големите освојувања на Александар. Тој го создал воениот и државниот систем што неговиот син ќе го однесе до невидени височини.

Владетел кој ја промени историјата

Филип Втори Македонски бил креатор на нова воена доктрина, градител на силна држава и дипломат со извонредно чувство за политичките односи.

Од ослабена и загрозена Македонија создал најсилна држава на Балканот. Ја реорганизирал војската, ја создал македонската фаланга, ја усовршил коњицата, изградил офицерски кадар и воспоставил единствен систем на командување.

Истовремено, ги поставил темелите на економската, политичката и културната моќ на Македонија.

Филип не бил само таткото на Александар Македонски. Тој бил голем владетел со сопствено историско дело – војсководец, државник, дипломат и реформатор кој ја променил рамнотежата на силите во античкиот свет.

Неговата реорганизација на македонската војска била дело на воен гениј. Фалангата што ја создал станала симбол на македонската моќ, а државата што ја изградил станала темел на една од најголемите империи во историјата на човештвото.

Филип Македонски, таткото на Александар Македонски, бил син на македонскиот крал Аминта III. Неговата мајка Евридика потекнувала од Илирија и била ќерка на илирскиот владетел Ирас. Веројатно под влијание на образованието и културата на македонскиот двор, таа подоцна научила да чита и да пишува на старогрчки јазик, настојувајќи и на своите деца да им овозможи високо образование.

Мајката на Александар, Олимпија, станала законска сопруга на Филип Македонски во 357 година пред нашата ера. Таа била ќерка на Неоптолем, кралот на Молосијанците. Нивната династија го поврзувала своето потекло со Неоптолем, синот на Ахил, и поради тоа се сметала за старогрчка. Сепак, Молосијанците, како племе од Епир, од страна на дел од античките автори биле сметани за „варвари“, а веројатно биле сродни и со Илирите.

Во 356 година пред нашата ера, кога имала дваесет години, Олимпија го родила Александар, а наредната година и неговата сестра Клеопатра. Од бракот меѓу Филип и Олимпија немало други деца.

Според потеклото на неговите родители, Александар не бил само од македонска крв, туку во себе носел и наследство од народите што живееле во поширокиот балкански простор.

Несомнено е дека Александар наследил многу особини од своите родители, иако наследството само по себе не може целосно да ја објасни неговата исклучителна личност. За неговите дедовци и баби, кои исто така можеле да влијаат врз неговиот карактер, се знае многу малку.

И двајцата родители – Филип Македонски и Олимпија – биле необично силни, впечатливи и поттикнувачки личности.

Постапките на Филип се одликувале со неуморна енергија, цврстина и огромна упорност, често придружени со внимателно прикриени намери. Неговото тело, обележано со бројни лузни, сведочело за извонредната храброст што ја покажувал во битките, понекогаш доведена речиси до безумна смелост.

Сите овие особини, можеби и во уште повисок степен, подоцна се манифестирале и кај Александар Македонски.

Од друга страна, античките извори го претставуваат Филип како човек кој во приватниот живот безмерно им се препуштал на задоволствата и на својот страстен темперамент.

Изворите што го опишуваат Александар како воздржан и студен во љубовните односи веројатно содржат значителен дел од вистината. Љубовта кон жените не била главна цел во неговиот живот, ниту тој дозволувал приватните чувства да влијаат врз остварувањето на неговите големи амбиции.

Гласините и подоцнежните тврдења за неговите односи со лица од ист пол, според авторот, не се засноваат врз доволно сигурни докази и во голема мера се резултат на подоцнежни толкувања.

Кога Александар се пројавувал како човек со силна, речиси демонска страст, во него, во голема мера, се препознавало наследството од неговата мајка Олимпија, кај која таквиот темперамент бил развиен до крајност.

Но токму во необичната комбинација на спротивности се состоела посебноста на неговата природа. Покрај силната страст, Александар покажувал голема ладнокрвност, самоконтрола и претпазливост.

Образованието на идниот владетел

Бидејќи наследените особини не се доволни за целосно да се објасни неговиот карактер, особено значајно е прашањето за влијанието на образованието и воспитувањето.

Филип Македонски уште од најраните години во Александар, синот на Олимпија, го гледал својот иден наследник. Иако имал и други жени, тој со голема грижа и внимание му се посветил на образованието на својот син.

Во детството Александар бил доверен на Леонид, роднина на Олимпија. Леонид се обидувал со строгост и дисциплина да го совлада темпераментот на разузданото и непослушно момче. Тој бил одговорен и за педагозите и учителите што го воспитувале младиот принц заедно со децата на другите македонски благородници.

Кога Филип увидел дека врз Александар не може успешно да се влијае само со сила и строгост, туку пред сè со убедување, во 343 година пред нашата ера го повикал Аристотел да стане негов учител. Александар тогаш имал околу тринаесет години.

Овој избор, без сомнение, извршил длабоко влијание врз духовниот и интелектуалниот развој на идниот македонски владетел.

За подобро да се разбере значењето на одлуката на Филип, треба да се согледа положбата на Аристотел во тоа време. Тој уште тогаш се истакнувал како еден од најголемите умови на античкиот свет, а неговото научно и филозофско творештво ќе остане влијателно сè до денес.

По смртта на својот учител Платон во 347 година пред нашата ера, Аристотел престојувал во Асос, во областа Троада, каде што поучувал и соработувал со други следбеници на Платоновата филозофија.

Таму воспоставил блиски односи со Хермија, владетелот на Атарнеј, кој бил политички поврзан со Филип Македонски. Нивната врска уште повеќе се зацврстила откако Аристотел се оженил со Питијада, внука и посвоена ќерка на Хермија.

Со доаѓањето на Аристотел започнало ново и особено значајно поглавје во образованието на Александар Македонски – образование што ќе влијае не само врз неговата личност, туку и врз начинот на кој подоцна ќе го разбира и освојува светот.

„Александар Трети Македонски и неговото место во светската историја“, според книгата на Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин.

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top