Коментари

Госпоѓо, ние не разбираме што зборувате, ние сакаме да ни зборувате македонски!

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Кога стапив на должност во ова одделение, започнав да се запознавам со децата и на мое големо изненадување, од самите ученици го слушнав ова:„Госпоѓо, ние не разбираме што зборувате, ние сакаме да ни зборувате македонски“. Се трудев да ги убедам дека македонскиот јазик не постои, меѓутоа времето беше многу кратко, поради што ми беше невозможно да постигнам успех кај децата“ – пишува во својата изјава од 27 јуни 1927 година српската учителка Јерина Марковиќ за тешкотиите во наставниот процес во Битола.

Македонскиот народ со векови живеел под туѓа окупација, но и покрај сите обиди за нивна асимилација, никој не успеал да го доведе во прашање нивниот идентитет. И децата знаеле дека се Македонци и дека зборуваат македонски јазик. Потврда за ова е изјавата на српската учителка која говори за проблемите во наставниот процес по доаѓањето во Македонија.

Спротивно од Македонците кои знаат кои се, што се и каде припаѓаат, Грците имаат голем проблем со својот идентитет. Во изјава за весникот „Ди велт“ грчкиот писател Никос Диму ќе рече: „Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме, поради тоа сме несигурни и лесно повредливи“.

Причините кои ги наведува Диму во врска со грчкиот идентитет биле во тоа што „Грција не доживеа ни ренесанса, реформација, индустриска револуција, ниту просветителство. Грците илјада години живееа во феудална Византија, потоа следеа 400 години османлиска власт…“

Меѓутоа, слична судбина ја делеле и Македонците. По распадот на Македонската империја, со извесни повремени периоди кога имале свои кнежества, кралства, држава, народот на Македонија живеел во рамките на Римската, Византиската и Османлиската империја. Особено во тешка положба бил по поделбата на Македонија меѓу Србија, Бугарија и Грција во 1913 година, а санкционирана по Првата Светска Војна. Меѓутоа, и покрај сите напори на освојувачите никој не успеал да го доведе во сомнеж идентитетот кај македонскиот народ.

Примерот на српската учителка најдобро говори. По окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија од страна на Србите, меѓу двете светски војни тие преземаат низа мерки да го асимилираат македонскиот народ. Особено значајна улога во спроведување на денационализаторската мисија требало да одигра наставниот кадар. Со цел денационализацијата и асимилацијата на македонскиот народ да течат побрзо, било наредено целокупните просветни активности во вардарскиот дел на Македонија да се изведуваат на српски јазик. Биле преземени строги мерки од страна на просветните инспектори против сите оние учители коишто дозволувале нивните ученици во текот на наставата, па и надвор од училиштето да го употребуваат мајчиниот-македонски јазик.

Така на пример, по забелешките за работата со учениците кои ги упатил училишниот надзорник за Битола Ѓорѓе Тасиќ, учителката Ј. Марковиќ во својот Извештај за тешкотиите во наставниот процес од 27 јуни 1927 година, испратен преку управникот на училиштето М. Веселиновиќ, ќе го наведе следното:

„Во време на Вашето доаѓање во моето одделение оваа година, кога извршивте преглед на работењето, не им поставував неумесни прашања на децата. Додека бев учителка во Шумадија, до ноември месец минатата година апсолутно не ми се правени никакви забелешки од училишните власти како овие што Вие ми ги направивте…

…Кога стапив на должност во ова одделение, започнав да се запознавам со децата и, на мое големо изненадување, од самите ученици го слушнав ова: „Госпоѓо, ние не разбираме што зборувате, ние сакаме да ни зборувате македонски“. Се трудев да ги убедам дека македонскиот јазик не постои, меѓутоа времето беше многу кратко, поради што ми беше невозможно да постигнам успех кај децата“.

Меѓутоа, училишниот надзорник за градот Битола Ѓорѓе Тасиќ, спроведувајќи ја директивата на Белград, во својот извештај до Министерството за просвета од 30.6.1927 година, ќе ја обвини учителката од Битола Јерина Марковиќ и ќе бара нејзино преместување од вардарскиот дел на Македонија, бидејќи истата дозволила, за време на часовите, да се служат со македонскиот јазик и истите не ги научила да зборуваат на српски книжевен јазик. Инаку училишниот надзорник во овој акт ќе го напише следното:

„Во текот на оваа учебна година од Северните краишта е преместена во Битола г. Јерина Марковиќка, на која и` доверив едно трето одделение и која на прв поглед изгледа дека добро го владее литературниот јазик. Меѓутоа, за време на прегледот на работата вo нејзиното одделение констатирав нешто што и таа го признава при нејзиниот распит. Децата одговарале дека се „Македонци“ и дека зборуваат „македонски јазик“. Тоа ме изненади, бидејќи утврдив дека наставничката не можела или не сакала на децата да им го објасни поимот на српското име. Не е возможно децата да барале таа да зборува на дијалектот на кој не смее да се изведува настава… Мое принципиелно и скромно мислење е дека еднаш треба да се расчисти со просветните работници што не одговараат за овие краишта“. (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1981, том. II, 135 – 136)

Од овие извештаи се гледа дека и македонските деца си го знаат својот идентитет. Истото се случува и со македонскиот народ во Пиринска и Егејска Македонија. И таму, до ден денес не му се признава на македонскиот народ неговиот идентитет и јазик. Се` додека се негира македонскиот народ, како Бугарите така и Грците ќе имаат проблем сосопствениот идентитетот, ќе бидат несигурни и нема да знаат каде точно припаѓаат. Минатото покажа дека токму поради Македонија, тие се вртат час кон Истокот, час кон Западот, само за да ги задржат териториите кои неправедно ги присвоиле.

Грците колку и да сакаат да бегаат од реалноста, неможат да ја избегнат. Тие не се, ниту некогаш биле супериорен народ.

Да не биле некогаш древните Македонци, никој не би слушнал за нив. А денес, да не се членки на ЕУ и НАТО, истите оние кои ги плукаат, Грците нема да си дозволат да не го почитуваат меѓународното право и да го негираат македонскиот идентитет, јазик и култура. Односно во недостаток на сопствен да го присвојуваат за нив туѓиот македонски идентитет и култура.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top