Коментари

Соросовата фондација деструктивно делува во земјава

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Обидот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за дестабилизација на земјата и рушење на легално избраната Влада која ја предводи премиерот Никола Груевски, неминовно го отвори прашањето на делувањето на Соросовата Фондација отворено општество во Македонија (ФООМ). Повикот на нејзините спонзорирани медиуми за насилно рушење на власта, лажно известување што може да поттикне меѓуетнички конфликти го доведува во прашање нејзиното понатамошно делување.

Според неделникот Њу Стејтсман, во текот на 90 години на минатиот век, Џорџ Сорос кого го сметаат за некрунисан крал на земјите од Југоисточна Европа, заради своите лични интереси го дестабилизирал Балканот. Дел од своето богатство тој со години го вложувал во развојот на либералните политички уредувања и основал организации преку кои го финансирал развојот на цивилното општество и негова демократизација.

Во 1992 година е основана Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ), со цел да промовира отворено општество во Македонија. Таа е дел од Соросовата мрежа во централна и источна Европа и доделува грантови, заеми и други видови финансиска поддршка на физички и правни лица со цел да се спроведуваат активности во согласност со нивната мисија.

Според својата програма таа дејствува во повеќе области како што се: образование, право, јавна администрација и локална самоуправа, граѓанско општество, јавно здравство, информации, медиуми и економски реформи. Покрај тоа, ФООМ соработува и со невладини организации, меѓународни институции и донатори во насока на преземање акции кои негуваат одржлива демократија итн.

Меѓутоа, преку овие институции и нивните програми, Сорос го промовира клиентелизмот, кој генерално претставува неоправдано влијание врз структурата, процесот или резултатот на процесот со цел да постигне лични цели. Исто така со финансиска поддршка на медиумите, како и во други области од општествениот живот тој стекнува политичка потпора за остварувањето на овие цели.

Инаку, експертите политичкиот клиентелизам го опишуваат како распределба на одбрани предности на поединци или јасно дефинирана група во замена за политичка потпора. Клиентелизмот, иако е феномен сам по себе, претставува една од најпознатите малигни форми на корупција, бидејќи клиентелистичката пракса не е забранета или казнива, а често не се смета ни за неправедна.

Може да се каже дека клучна цел на клиентелистичката политика во пракса е стекнување моќ и влијание. Според тоа, цел на клиентелистичката пракса се демократските институции како законодавната, судската, извршната, политичката и општествената моќ. Со оглед дека секое демократско општество развива механизми за одговорност кои би требало да го заштитат јавниот интерес, откривањето на клиентелистички практики во политиката, јавната администрација или судството е предизвик, но не и невозможен, што покажа и дејствувањето на Соросовите структури.

Во минатото, во услови на транзиција земјата и нарушен Институт за јавна одговорност, се остави простор за дејствување и заробување на државата во интерес на Сорос.

Свесен дека моќта и силата на медиумите, т.н. седмата сила, никогаш не исчезна, туку се прилагоди на современите општества, Соросовата клиентелистичка стратегија ги постави медиумите за примарна мета на своите настојувања. Речиси да немаше локален или национален, печатен или електронски медиум кој немаше добиено грант од Сорос. Инволвирана во сите пори на општествениот живот, Соросовата фондација преку медиумите долго време ги контролираше опшптествените текови во земјата.

Воспоставената спрега меѓу ФООМ и СДСМ овозможи долго време според иста матрица Сорос и ЦИА да го креираат политичкиот и цивилниот амбиент во земјата, адекватен за општества во Африка од раните педесети години на минатиот век. Инаку долгогодишниот извршен директор на ФООМ, Владимир Милчин, беше и поранешен член на претседателството на СДСМ. Токму тоа заемно дејствување во минатото предизвика многу зла во земјата. Секогаш кога невладиниот сектор под режија на Милчин спроведуваа одреден проект, Македонија и нејзините граѓани беа губитници.

Меѓутоа, во моментот кога механизми за одговорност за заштита на јавниот интерес во институциите се воспоставија со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, што беше спротивно на интересите на Соросовите инсталации, тогаш тие реагираат со целосниот капицитет, ставајќи се отворено на страната на СДСМ како нејзин партнер.

Така е и денес, кога без да се води сметка за интересите на македонскиот народ и неговата држава, фондацијата отворено застана на страната на Заев во неговите активности за рушење на актуелната влада. Нејзините спонзорирани медиуми отворено поттикнуваа меѓуетнички конфликт, насилен преврат на власта и дестабилизацијата на земјата, што не ја амнестира фондацијата од одговорност.

Ваквото деструктивно однесување, не е само за осуда, туку и за одлука за забрана за нејзино делување на терироријата на земјата. Секако дека Македонија не зависи од средствата кои Сорос ги дава за нејзино делување, како и средства за невладиниот сектор во земјата. Многу покорисно би било кога би се забранило нејзиното делување на земјата, а невладините организации кои зависеле од средствата на Сорос, треба да бидат финансирани од македонски буџет. Така овие организации би се вратиле кон вистинските цели и своите целни групи, за кои всушност и се формирани.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top