Коментари

Бизнис-пријателства на Корнишонот во Австралија

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Секогаш добивам поверливи информации од наши Македонци, со цел да биде тајна, ама јавна тајна. Се работи за човек кој има лежено во затвор за криминал и дрога, а воедно е партнер на Зајко од Струмица во бизниси и инвестиции како во Австралија, така и во Македонија. Којзнае, можеби и насекаде.

Од оправдани причини, ќе го именуваме само неговиот прекар Бимбо. Зајко со овој Бимбо да ти имал направено градежна копманија, која оди преку Бимбо нели, градење вили и станови. Се дознава од тајни и сигурносни извори дека изградиле 55 станови во Епинг, населба во Мелбурн, како и 29 вили т.е. едноспратни куќи исто така во Мелбурн. Но тоа не е се`, имаат исто така околу 20 до 30 станови во Перт, бројка која треба дополнително да се утврдува. Математиката кажува дека станува збор за капитал од околу 60 милиони австралиски долари, што значи дека е вложено 30 и кусур милиони, знаејќи колку се плаќа за апликација, материјали, работници и данок во Австралија.

Исто така знаеме сите тука, а и многумина во Македонија дека најубавиот и најпрофитибилен ресторан во Струмица е на Бимбо, што значи партнерството на Зајко е минимум во овој случај. Но истото го знае и антикорупциската комисија во Македонија, па затоа Бимбо му ја летна и си дојде пак во Австралија. Но проблемот е што Бибмо има тука многу неплатени долгови, па поголемите батки се во потрага по Бибмо под дрво и камен. Но, ова му одговара на Зајко и има смислено план како се` да му одземе. Со аманет и благосов од банкротираните комшии, има адвокати кои преку скриени особи и компании му гарнатираат мирен сон на корнишонот, а Бимбо да остане со прстот или морков во уста.

Колку е иронично и жално, што такви институции како ЕУ, НАТО, Америка и западниот свет му даваа и даваат поддршка на овој докажан изрод. Ваков вид на криминал е поткрепен од нив и важно им е само тој да дојде на власт. После тие ќе му ги извадат овие документи и докази, доколку не пее и игра по нивно.

Неодамна излезе видео со Путин и еден руски милијардер, кој не им дал плати на работниците повеќе од 6 месеци. Путин му рече ќе ги платиш сега и оро ќе играш и одма го натера да потпише. Овој милијардерот од страв заборави пенкалото да му го врати, а Путин му рече, давај го ваму пенкалото назад, немој да го крадеш… мое е.

Така треба и Македонија да им го направи истото на сите Зајковци. Се` треба да вратат и тоа со најголема камата и доживотен затвор.

ДА ЖИВЕЕ ПУТИН, А ПЕНКАЛАТА СИТЕ ДА ГИ ВРАТАТ НАЗАД.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top