Коментари

Нова книга од Александар Донски

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ И НИВНИТЕ ЗАГУБЕНИ ДЕЛА

Деновиве во издание на МНЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат најновата книга од Александар Донски под наслов „Античко-македонските историчари и нивните загубени дела“.  Ја искористивме оваа прилика за краток разговор со авторот.

Како дојдовте до податоци за  античко-македонските историчари?

Во нашата јавност е малку познато дека постоеле автохтони античко-македонски историчари кои своевремено биле автори на значајни историски дела.  За жал, ниту едно од овие дела денес не е сочувано. Единствено постојат антички сведоштва од други автори (нивни современици или подоцнежни автори) за античко-македонските историчари и нивните дела. Всушност, добар дел од сведоштвата за античките македонски историчари се наоѓаат во приват­ната колекција на германскиот професор Феликс Јакоби (1876 – 1959). Тој бил професор по класична филологија во Киел од 1907 до 1935 година. Во 1939 година се преселил во Оксфорд, каде продолжил со работа. Во текот на својата кариера успеал да собере неколку илјади фраг­менти од ориги­нални текстови од антички автори. Меѓу нив има и такви автори кои сведочеле за постоењето на извесен број античко-македонски историчари. Македонс­ката етничка припад­ност на овие историчари се препоз­нава според придав­ката “Маке­донецот” која некои од нив си ја додавале на своите имиња или според името на македонскиот град од кој потекнувале Со финансиски средства на проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, во 2008 година Збирката на проф. Јакоби беше откупена во електронска верзија, па врз основа на таму објавените податоци (од кои некои се уште не се преведени ниту на англиски), ги детектиравме античките македонски историчари.

Колку античко-македонски историчари имало?

Врз основа на горе наведените податоци јас детектирав единаесет, но секако дека ги имало многу повеќе. Нивните имиња се:  Птолемеј, Аристобул, Леон од Пела, Антипатер, Кратер Македонецот, Птолемеј Осми, Филип од Амфипол, Критон од Пиерија, Марсија од Пела, Патрокле, Марсија од Филипи и Зоил од Амфипол.

Дали се зачувани делата од некои од нив или барем извадоци?

Ниту едно дело од ниту еден античко-македонски историчар не е зачувано, а не се зачувани ниту фрагменти, туку само посредни цитати од други автори кои пишувале за нив и за нивните дела. Ова е навистина чудно. Птолемеј бил генерал на Александар Велики Македонски, а подоцна и крал на Египет. Тој напишал историја на Македонија, која не е зачувана, но од неа црпел податоци александровиот биограф Аријан.  Како книга напишана од крал оваа историја сигурно дека била повеќепати препишувана, но ете до денес не останал ниту еден фрагмент од истата.

Какви се сведоштвата од другите автори за македонските историчари?

Воглавно информативни. Но, овде ќе издвојам две интересни подоцнежни сведоштва во врска со македонскиот историчар Марсија од Пела. Во „Речникот на грчки и римски биографии и митологија“ од Вилијам Смит (William Smith: “A Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology”. London. John Murray, 1873) во врска со овој македонски историчар читаме:

„Марсија, син на Периандер, родум од Пела во Маке­донија, бил современик на Александар со кого, според Суда, заедно се школувал… Негово главно дело било ,Историја на Македонија’ во десет книги, почнувајќи од најраните времиња, преку војната на Александар во Азија, па сѐ до враќањето на монархот во Сирија, по осво­јувањето на Египет и основањето на Александрија. Тој бил постојано цитиран од Атенај, Плутарх, Харпо­кратион и други автори...

Интересен осврт кон делото на Марсија е објавен во „Речникот на историјата на идеите“ (“The Dictionary of the History of Ideas”, Electronic Text Center; PO Box 400148; Charlottesville VA; Maintained by: Electronic Text Centeratthe University of Virginia Library, © 2003).    Овде читаме:

“… Помеѓу историчарите кои пишувале за Алек­сандар имало и еден Македонец аристократ, кој се викал Марсија од Пела и бил припадник на една од најстарите и најблагороднички семејства. Тој пишувал за царот од сосема поинаков аспект. Покрај неговата Историја за Александар, тој исто така напишал и Историја на Македонија, која почнувала од митолош­киот период. Денес не е зачувано многу од неговата работа, но од она што го имаме се гледа дека Марсија ги припишувал неверојатните достигнувања на царот, не толку на неговата лична генијалност, колку на карактерот на Македонскиот народ. Неговото дело било најтемелната патриотска историја од тоа време.”

Дали и кокку е зачувано нешто од оваа Историја, останува за идните истражувања.

(М. Н.)

bista-na-ptolomej
Биста на македонскиот генерал и историчар Птолемеј Први

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top