Коментари

Заев – престапник и злочинец!

Ljupka Cipuseva

Ljupka Cipuseva
Љупка Ципушева

„Во животот има многу тешки патишта , но најтежок е оној на кој се станува човек во служба на човекот“

Две години СДСМ се дави во сопствена војна со јасно име- ВЛАСТ!

Македонија виде и сеуште во нив гледа голо племе во умот како се храни со одвратни пари и дрски совети од преварантот Сорос.

Ова гнасно племе(СДСМ) дозволи слепа одмазда на својата мајка МАКЕДОНИЈА заради нејзините топли гради , – дозволи да тече крв по нејзината историја и го внесе туѓиот ѓаол во хајка против Македонскиот народ.

Ах Зоране ти од Заеви, ах Зоране ти од Верушевци, ако смрта се уште ве штеди – каде вие живеете?

Овде – ова е Македонија ! Со вашите нечесни дела и зборови може само пустината да се справи и гордее, но не и вашите мајки, а народот- Македонскиот народ , како никогаш досега има нечуена и невидена храброст и ви застана на вашиот нечесен пат.

Вас ве храбреа и сеуште ве храбрат светските бледи мистици, дека ќе го стресете или уплашите овој древен народ, но заборавивте дека нему добро му се познати ваквите лица како вашите, заборавите дека овој народ има лице со боја на огон, и дека во овој огон вие пепел ќе се сторите како безимени, а историјата ќе рече; во лицето на македонскиот народ се пеплоса еден Селим и еден Сорос , бидејќи не беа достојни да бидат Македонци.

Неверо, Зоране Заев, бездушнику злобен, небото те стави на големи маки – ти, самиот си кобен куршум за себе , – затоа ли ја изнајми ,,Беса,, на помош?

А ,,Беса,,- на крај на памет нема да ти го остави царското наследство, во мигот кога ти подава рака го демне твојот грб , те љуби како мил брат, и во истиот момент себе си си два Беса дека сите твои царски села и градови , додека диши и додека е жива нејзини ќе бидат.

Заборави ли Зоране дека Беса е брат на Сорос, – дека двајцата ќе те фрлат како камен на земја, дека ќе личиш како статуа турната од своето седиште, – заборави нели!

Честопати се прашувам, зошто на племето СДСМ помила им е војната, а мирот и спокојот ги убива? Е, е,  тоа се вели не превенирани зарази, пуштени на зелено, заведени бездушници кои себе си се сметаат клуч на Македонската судбина , ги резбарат ѕидовите на Триумфалната Капија со разни глета, без можност да ги видат сите кругови на нејзините врати кои светат како злато обвиено со дијаманти.

Аман Зоране, овие дијаманти ниту ти и твојата багра не ги руши,тие се во срцето на секој чесен Македонец, ниту пак твоите туѓи мистици со бледи и испиени лица ќе можат да ја скрвнават оваа Света Икона со име вечна МАКЕДОНИЈА.

Зоране, на пресовите се смешкаш, а во себе, така насмеан умираш, си го даде својот кафтан на Соросоидните ѕверови, или пак, ти фалат жолти дукати, или пак, тапа ти е сабјата и ниедна рака не ја носи, или коњот ти е лошо поткован, или во битката на реката Вардар гледаш како патриотскиот син ја понесува победата.

Те парчат степските дојдени волци во од, чувај се од Велигденските ДНИ- од големиот празник Воскресение Христово – не го злоупотребувај Петок- секој Петок особено во овој период е Голем Петок!

Во Македонија Света, во оваа наша мајчица , никогаш повеќе не ќе се роди  ваква човечка наказа како тебе Зоране престапник и злочинец!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top