Македонски легенди

Питу Гули

pitu_guli

pitu_guliРоден е во 1868 година во Крушево,во нерамноправна, но херојска борба, на 13 август 1903 година, бранејќи го Крушево и легендарната Крушевска Република, загинал заедно со борците од својот одред.

Во македонската историја се споменуваат низа светли ликови на револуционери и видни граѓани кои учествуваа во подготовките и дигањето на Иленденското востание, во раководењето со востаниците, како и во одбраната на Крушевската Република. Помеѓу сите тие светли ликови на бестрашни бранители во одбраната на Крушевската Република, се издвојува личност која со своето јунаштво ќе се издигне над сите, а кој народот во своите песни ќе го овековечи за век и веков.

Јунакот од илинденското востание, конкретно од борбите за одбраната на Крушевската Република, чиешто име е овековечено во македонската народна песна, е името на Питу Гули (Гуле). Ова секако се должи, пред се, на фактите дека единствено Питу Гули, според сеќавањето на Наум Томалевски, на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот и со своите борци се спротивставил на многуилјадната војска на Бахтијар-паша, како и фактот дека љубовта спрема својот град, Републиката и слободата ја платил со животот на своите соборци и со својот живот.

Денес споменикот “Мечкин Камен”, востаник со високо подигната карпа над главата, кој ги преставува последните мигови на борбата, го одбележува местото на кое легендарниот Питу Гули (Питу Гуле) со своите соборци загина чесно, херојски, во одбрана на Крушево и Крушевската Република, исполнувајќи ја заклетвата и заветот испишан на воениот бајрак “Слобода или смрт”.

Илинденското востание во 1903 и Крушевската Република преставуваат една од најзначајните епопеи во историја на македонскиот народ во борбата за национално ослободување и македонската самобитност. На ден Илинден, 2 август 1903 година, во Крушево, македонските востаници започнаа да ги испишуваат страниците на македонската историја за првата демократска република на Балканот. Тоа беше време на значајни, големи настани за македоноската државност и самобитност. Тоа беа настани исполнети со народни страдања, борба, јунаштва, време кога на своите потомци им се оставаше аманет за верата, надежта, љубовта, за непокорот и вечноста, за незаборавот кои сме и што сме…

Народот во народната песна ќе ја опее славата и трагиката на Илинденското востание, и Крушевската Република. Преку песната ќе се распространи веста за бојот на Мечкин Камен и славната погибија на Питу Гули и бранителите на Крушевската Република. Пееејќи за Илинденската епопеја народот ќе раскажува:

„Ој, ти пиле, славеј пиле,
ја запеј ми едиа песна да се чуе на далеку, на далеку преку Вардар,
на далеку преку Вардар, преку Вардар до Велешко;
од Велешко во Прилепско, од Прилепско во Крушово; во Крушово зат корија.
Там се бие славен јунак, славен јунак Питу Гули.
Ој ми вие крушовчани, шго сте толку нажалени, со кујќите изгорени, со топои преорани”;

за потоа во друга песна да продолжи:

„Таму горе Мечкин Камен,
там се бие Питу Гуле,
Питу Гуле војводата!
Турци викат: „Алах” Алах”! А кумитаг: „Ура, ура!”;

и да заврши со вообичената поетска фигура „Турци паѓат неброени, а кумити песна пеат:

„Бог да прости војводата,
Питу Гуле, храбар јунак, наша гордост, наша слава!”.

Опеано во македонската народна песна, името на Питу Гули, станува легенда, синоним за бестрашен борец, верен до смрта на македонското ревулуционерно дело. Иако името на Питу Гули е трајно вкоренето во паметењто на македонскиот народ, сепак нема доволно биографски податоци кои го осветлуваат неговиот животниот пат и ревулуционерно дело. Изворните податоци расфрлени низ литературата, разните списи и мемоарски дела на неговите современици, ќе им овозможат на историчарите да направат краток осврт на неговиот живот.

Постојат две верзии за годината кога е роден Питу Гули. Во првата, дека е роден 1868 година и втората која изгледа е поверодостојна и која тргнува од фактите дека Питу бил врсник на Пере Тошев и Ѓорче Петров и дека загинал на Мачекин Камен на 38 годишна возраст, по што се претпоставува дека Питу е роден во 1865 година, во Крушево. По народност бил од влашко, ароманско потекло.

По кратко време поминато на печалба, од Софија заминува за Ќустендил, каде се приклучува на Калмиковата чета, која се состоела од 120 четници. Во мај 1885 година со четата се префрла во Македонија, а откако била разбиена а Питу Гули бил фатен, тој е осуден во Солун на 7 години затвор. Од затворот “Беаз Куле” (Белата Кула) во Солун, Турците по три и пол месечен пат, го префрлаат во затворот на градот Аргале Маден, каде ја одлежал целата робија.

Питу Гули се вратил во родниот крај во 1894 година, и се вклучил на Внатрешната македонска револуционерна организација. Отворил кафеанче во месноста Ќошкот, кај Влашка Корија. Зачленет во Организацијата и поврзан со нејзината мрежа, крушевското меанче го претворил во сигурен јатак за организационата чета на Дуко Тасев, другарот од заточеништво. Преку него крушевската организација ги одржувала врските со четите на ВМРО. Во 1895 или 1896 година, тој се оженил со крушевчанката Евгенија, ќерка на сточар од Крушево. Во бракот со Евгенија имале четири деца – три сина и една ќерка.

Околу 1900 година Питу Гули повторно заминува на печалба во Софија. Отворил на периферијата од градот скромна гостилница која станала сврталиште на македонските емигранти и комити. Питу Гули во Софија останал до март 1903 година, кога по вторпат, сега веќе како војвода на чета, тргнал за Крушевско. Учествувал во ослободувањето на Крушево и командувал со голем одред кој водел борба за освојување на турската касарна. Кога турската повеќеилјадна војска почнала да го напаѓа градот, Питу Гули качен на бел коњ тргнал со своите 370 борци да го брани Крушево и Републиката кај месноста Мечкин Камен. И покрај неравноправната борба со помоќниот повеќеилјаден аскер, во херојска борба со своите соборци на позициите останал до самиот крај и замина во легенците на 13 август 1903 година.

ПИТУ ГУЛИ

(Балада за Питу Гули објавена во книгата СТУДИИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР од д-р Харалампие Поленековиќ, МИСЛА, Скопје 1972 година)

Млад јунак си кон изведе,
напои го с рујно вино,
оседла го со жолто седло,
притегна му шарен колан,
и му сложи златна јузда,
пак препаса остра сабја,
нареди си чифт колани,
нарами си тенка пушка,
тенка пушка манихерка
и јавна си сива коња.

Дупна коњот и си летна
кај што бајрак се развева,
кај го чекаат другари –
тамо горе в честа гора.

Гората е повехнала,
повехнала, посрнала.

Гледа јунак и не верва,
гледа и се чудом чуди
пак је тихом проговарја:

– Ој те тебе, честа горо!
шчо си, сестро, повехнала,
повехнала, посрнала
ушче преди Макавеи?
Дали те е жар жарила,
дал’ те слана осланила.
Дали ветор те е скршил,
или пак ти се здодеја
нас јунаци да прикриваш
низ твојата гасга шума,
под таојата ладна сенка,
крај твоите студни води?
Чудно шуми честа гора
и с воздишка одговарја:
– Ој ти, Пито, млад војвода,
лел` ми питаш, ќе ти кажам:

Ниту ми е жар жарила,
ни ме слана осланила,
ниту ме е ветор скршил,
ни пак ми се здодеало
вас јунаци да прикривам
низ мојата гаста шума,
под мојата ладна сенка,
крај моите студни води,
нај ме тешка скрб притиска,
скрб потешка од планина,
и ме љута болка мачи…
Чуј как твојта верна стража
грозно свири за тревога…
Ја качи се тамо, горе,
На Мечкин Камен, на врвот,
извади си си дјулбијата
и разгледај горе, долу,
Алданечко, Прибилечко,
и си види шчо е чудо –
цела земја поцрнела –
страшна џган се е задала,’
аскер и башибозуци,
љути Турци, крвопијци… !
Вог убил Бахтијар паша
вас јунаци ќе избие…
До днес ви бев заштитница,
а днес – јунашка гробница…
Затова сум повехнала,
брате и сум посрнала …
Дупна коња млад војвода
та ми летна тамо горе,
тамо горе – Мечкин Камен.
Си извади дјулбијата,
разгледа си горе, долу –
Алданечко, Прибилечко,
гледа и се чудом чуди:
Цела земја поцрнела –
страшна џган се е задала –
аскер и башибозуци…
Љути Турци, крвопијци…
Пак си викна дружината
и така ја заговори:
– Верна, зговорна дружино,
часот дојде под барјака
сите храбро да се бием
и за правда и слобода
до еден тук да изгинем…
Тук е врагот, тук е гробот,
тук – и славата јунашка…!
Ха, да видим как ќе мрете
за народа, за слобода… !
Бијте! Враќање нема … !
Знајте – народот наш чека
крај на ропство и на мака…
Пушки пукат, земја татне,
гора п’шка, балкан стене,
свират жешките куршуми,
јачат длабоки долови,
течат крви низ усои,
паѓат жергви кат снопови…
гине младост в крв и знај…
Падна и самио тој…

Тук и денес, кога дрва
селјанин сече, собира,
чува шепот – чудни слова:

ПИТУ ГУЛИ НЕ УМИРА!

Најново од: Македонски легенди

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

To top