Македонски легенди

Антон Попов

anton-popov
Антон Попов умира за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина

anton-popovАнтон Попов (с. Игуменец, Петричко, Пиринска Македонија, 23. VII 1915 – Софија, 20. X 1942) – македонски поет, раскажувач, новинар, национален деец. Завршил гимназиско образование во Неврокоп во 1933 година и неколку години учителствувал во родниот крај. Во 1936 година се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија. Основоположник и член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Учествува во националното и антифашистичкото движење. Љубовта кон татковината Македонија, нејзината историја и традиција, нејзината слобода и иднина се тема во севкупното негово книжевно и публицистичко дело. Низ сопствениот пример покажува како се сака и се брани татковината. Заедно со Никола Вапцаров е уапсен и осуден на смрт. Во писмото пред стрелањето запишал: „Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо. Умирам горд со името на својот народ, за чие што добро работев до последен миг, за чија што добра иднина умирам. Попов е меѓу првите публицисти кои ја проследија и афирмираа македонската национална мисла.

Антон Попов е роден во револуционерно семејство на 23 јули 1915 година во селото Игуменец (Петричко), во Пиринска Македонија.  Дедо му Константин Попстојанов, бил убиен од заседа од Турците Во таква заседа погинал и вујкото на татко му Митре Стојанов.  Татко му кој ги бранел интересите на селаните, бил обесен од врховистите  на 22 октомври 1923 година.

Своето основно образование Антон Попов го добил во своето родно село. Потоа учел во Петрич, се преместил во Самоков, од каде што го исклучиле поради учество во ученички антифашистички кружок. Образованието го продолжува во Неврокоп каде што го завршува средно образование во 1933 година.

Истата година Антон станува учител во своето родно село. Наредната учебна година учителствува во село Скрт, а потоа повторно се враќа во родното село. Попов како учител се труди да создаде подобри услови за своите ученици и да ги воспита како достојни граѓани: горди и справедливи, смели и самостојни, што ја сакаат својата родна македонска земја и што ги почитуваат сите луѓе на земјата. Тој се зазема и организира интернат и кујна за сиромашните ученици, каде што се сместуваат повеќе од 100 деца. Во исто време Антон продолжува како татко му да ги брани своите соселани од разни банди.

Антон Попов се обидува да издаде македонски весник, но неговите заложби пропаѓаат поради решителниот отпор на власта. Разочаран, тој мечтае да замине  во Софија каде очекува да најде сродни лица, „луѓе со душа, умови..“. Набргу желбите му се исполнуваат. Во 1936 година Антон Попов се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија, а есента 1937 година станува чиновник во Софиската општина.

Во почетокот на месец ноември 1938 година се формира Македонскиот литературен кружок, во чие основање Антон зеде активно учество. Три години Антон работеше неуморно во кружокот. Мошне често тој држеше реферати за стихови или раскази, учествуваше во организирањето литературни читања, екскурзии, вечеринки и во собранија на емиграцијата. Освен тоа тој ги придобиваше истакнатите писатели за борба против војната, учествуваше во работата на македонската партиска група, пишуваше репортажи, стихови, статии и во слободно време читаше покрај другото македонска историска литература.

Во Македонскиот литературен кружок Антон Попов се оформи наполно како македонски патриот, како верен син на својот поробен народ и во исто време како пламенен борец за среќата на сите луѓе. Анточ Попов ја сакаше Македонија и македонскиот народ со љубов чиста, нежна, неизмерна по сила и ширина. Тоа беше љубов готова за жртва. Не случајно во своето последно писмо тој напиша: „Умирам горд со името на мојот татко. Умирам горд со името на мојот народ, за чие добро работев до последниот миг, за чија добра иднина умирам”!

Во својот возбудлив патепис „Патни белешки и размислувања” тој пишува: „. .Таму е мојата родна земја… Таму е мојот ајдучки Пирин, од први детски години запишан со песни, приказни и легенди во мојата душа, што извишил снежно-сини рамења во висините, што ги заковал очите далеку во просторот, цртајќи ги со остар поглед границите на татковината моја – до Шар, до Егеј, до Родопи и Рила.” Во исто време пак во своето последно писмо Антон Попов пишува: „Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со таква силна светлина, со таква убавина, што мојата жртва ќе биде за него ништо!”

Антон Попов во своите стихотворби изразува нежна љубов спрема својата татковина, спрема својот народ: ја искажува својата вера во блиското ослободување и обединување на Македонија. Во своитз репортажи тој ги открива страдањата, маките на работниците, црта потресни слики од експлоатацијата на тутунските производители, на жените и на децата. Од самите наслови на неговите репортажи се гледа нивната содржина. Еве некои од нив: „Болките на нашите јужнаци”, „Така работат и страдаат тутунопроизводителите”, „Тој откраднува недосонувани детски соништа”, „Над Пирин облаците се згуснуваат”.

Во есента 1941 година, заедно со својот неразделен другар Никола Вапцаров, тој се вклучува на партиска работа во воениот центар на БКП. Антон Попов го започнува илегалниот живот исполнетиот со опасности м ризици. Тој пренесува луѓе од составот на ЦК од стан на стан, купува и им приготвува храна, пренесува оружје м парични средства касно во ноќта, вешто ги уништува трагите од будното око на полицијата. Во својата илегална дејност тој ја вовлекува својата мајка и сестра. Станува раководител на борбени групи.

Но и непријателот не спие. Во групата е вовлечен провокатор и по само неколку месеци настанува провала. На 4 март е фатен Вапцаров. Антон Попов иако има извесна можност да се скрие, сепак тој не превзема ништо. Смета дека треба да ја продолжи работата, особено по таквата провала. Но полицијата е по неговите трагп и на 24 април 1942 година го апси..

На 22 јули воениот суд ја изговори својата пресуда. На смрт беа осудени Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев. Во судската сала настапува неверување. После се слушаат стенкања и плач на блиските. Истиот ден се венчава со свршеницата Росица Манолова. Стрелан е на 20 октомври 1942 година заедно Антон Иванов, Атанас Романов, Никола Вапцаров, Антон Попов, Петар Богданов и Георги Минчев

Но пред да ја загракта својата злокобна песна картечницата, се слуша друга, позната, убава песна, којашто излегува од градите на нескршливите бестрашни борци:

„Тој што ќе падне в бој за слобода, тој не умира . . .!”

Во редицата, со пламнато лице, со поглед во иднината, претставувајќи си го македонскиот народ слободен и обединет  и светлата иднина на целото човештво, пее  со силен глас   и   непрежаливиот   Антон   Попов.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top