Македонски легенди

Христо Зарезанков

Zarezankov1

Zarezankov1Христо Георгиев Зарезанков (1. I. 1890 – 4. V.1938) е македонски револуционер, сандинист и анархосоцијалист. Тој е еден од дванаесетемина Македонци со потекло од сите три дела на Македонија за кои има податоци дека учествувале во текот на Октомвриската револуција од 1917 година. Но, исто така тој е еден од жртвите кои настрадаа во Сталиновите чистки.

Христо Зарезанков е роден на 1 јануари 1890 година во Велес во земјоделско семејство. Во родното место завршил основно училиште и прогимназија. Под влијание на учителот Андон Шулев, кој ги запознава своите ученици со социјализмот и работничкото движење во Европа, младиот Зарезанков влегува во социјалистичкиот кружок. Своето образование тој го продолжува на Педагошкото училиште во Скопје, каде подробно се запознава со социјалистичките идеи и учествува во ученичкиот бунт во декември 1905 година.

По завршувањето на педагошкото училиште и Младотурската револуција во 1908 година, Христо Зарезанков бил назначен за учител во Велес. Во 1910 година станува член на работничкото друштво „Класно единство“ и активно учествувал во театарската група на друштвото. Играл во драмите на „На дното“, „Малограѓани“, „Нора“, „Воскресение“ и др.

Во текот на неговото учителствување бил мошне близок со војводата на ВМРО за кумановско-штипскиот реон Јордан Иванов од Куманово, со кого заедно учеле во Педагошкото училиште во Скопје. По подлото убиство на војводата Иванов во 1911 година, тој станува приврзаник на левото крило на ВМРО и групата Сандански.

Во текот на Првата балканска војна Зарезанков бега во Швајцарија, плашејќи се да не биде уапсен од бугарските војски поради вмешаност во обид за експропријација на една банка во Софија. Од 1913 година, тој работи како физички работник во Швајцарија и Франција. Се поврзува со руските емигранти револуционери и таму живее се до избувнувањето на Октомвриската револуција. Во декември 1917 година, тој заминува во Русија и зема учество во револуционерните борби. По доаѓањето во Москва се жени со русинката Екатерина Виноградова со која работи во книжарница.

Христо Зарезанков се приклучува на партизански одред во Украина, каде останува се до април 1918 година, а во периодот од мај 1918 до март 1919 година доставува литература на фронтот и во позадината. Потоа, од мај истата година, работи како службеник во Полтава, град во североисточна Украина. Во истиот град служи во Црвената армија и се бори против белогардејските единици на генерал Врангел.

Во август 1922 година Зарезанков се враќа во Москва и работи како помошник раководител на книжарницата на Сојузот за анархосиндикалистичка пропаганда „Глас на трудот“. На оваа работа останува до 1929 година, кога оваа анархистичка група паѓа во немилост на сталинистичкиот режим. Во 1930 година тој е уапсен и поминува месец и половина во затвор. Откако напишал писмо во весникот „Правда“ дека се откажува од анархизмот, Зарезанков бил пуштен од затвор.

Во периодот 1930 / 31 година работи во Државната издавачка куќа на РСФСР (Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република) каде како уредник селектира статии за објавување. Од мај 1931 до мај 1932 година работи како раководител на книжарница, а потоа до 1933 година како помошник раководител  на книжарница.

Меѓутоа, Зарезанков бил постојано под присмотра на руските власти и повторно бил уапсен на 17 февруари 1933 година. Причина за негово апсење била таа што тој не ја спречил продажбата и купувањето на книги од Михаил Бакунин. Поради ова, Зарезанков на 10 април бил казнет со три години егзил и е интерниран во Кустанај, Казахстан. Во интернација поминал три години, а за тоа време работи како книговодител и е општествено задолжен со функцијата претседател на другарскиот суд.

Набрзо по враќањето од егзил, во јуни 1935 година, Зарезанков повторно бил уапсен и осуден на три години лишување од слобода интернација. Стресот од новата пресуда, врз него оставила тешки психолошки последици. Тој неможел да говори, а косата му побелела. Со новата пресуда Зарезанков бил интерниран во Минусинск, Краснојарски крај (Источен Сибир), каде повторно работи како книговодител.

На 6 ноември 1937 година Зарезанков уште еднаш бил уапсен, а на 11 април 1938 година, како бивш анархист и член на антисоветска организација, е осуден на смрт со конфискација на имотот. Неполн месец потоа, Зарезанков е стрелан на 4 мај 1938 година во Минусинск, а неговото семејство било известено дека тој починал од рак на стомакот.

Христо Георгиев Зарезанков бил рехабилитиран на 1 септември 1958 година.

Најново од: Македонски легенди

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

To top