На прво место

Демонстрација за Македонија во Виена-Австрија

МИРЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД ООН ВО ВИЕНА НА 10 МАРТ

5 март 2017 година, Виена, Австрија

– И Македонците во Австрија се единствени во поддршката за единствена и унитарна Македонија, за македонскиот јазик како единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи.

Мирниот протест “За унитарна Македонија“ ќе се одржи на 10 март 2017 година (петок) со почеток во 15.00 часот пред “Штатс Опера“ во центарот на Виена!

– И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, Ве повикувам на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството! Ве повикувам на одбрана на унитарноста и на државноста на Македонија! Ве повикувам на одбрана на македонскиот јазичен простор во државата Македонија! Поканата е отворена за сите Македонци во Австрија и во Европа! Кога, ако не сега! За Македонија се работи! – вели организаторот Гоце Ангелкоски, координатор на Светскиот Македонски Конгрес за Австрија.

Македонскиот мирен протест во Виена доби целосна поддршка од Австриско-Македонското културно здружение за пријателство и соработка, во кое членуваат видни јавни личности од австриското општество.

На Македонскиот мирен протест ќе зборува Кристијан Цајт, директор на Институтот за политика од Виена, а Декларацијата за унитарна Македонија ќе ја прочита Гоце Ангелкоски.

Македонскиот мирен протест доби поддршка од Сириската Православна Црква и Коптската Црква во Австрија со кои Македонската заедница во Австрија активно соработува.

Организаторот очекува пред собирот да се обрати и Кристијан Штрахе, пратеник во австрискиот Парламент од Слободарската партија на Австрија (ФПО).

На македонскиот мирен протест поканети се членовите на Македонското културно друштво “Свети Наум Охридски“ од Виена, Македонската православна црковна општина “Свети Никола“ од Виена, Друштвото “Македонска Фаланга“ од Виена, Културно уметничкото друштво “Македонка“ од Виена и Македонското друштво од Линц, Горна Австрија.

Декларацијата од Македонскиот мирен протест ќе биде испратена до Обединетите Нации и до ОБСЕ во седиштето во Виена во Австрија!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top