На прво место

Мора отворено да разговараме за тероризмот и радикалниот екстремизам

Бејли: Мора отворено да разговараме за тероризмот и радикалниот екстремизам

… „ Разговорите околу тоа зошто повеќе од 150 македонски државјани се приклучија на ИСИС во Сирија и Ирак треба да се нормализираат, како што се отвора дискусија и дебата за тоа што да се прави со оние кои се враќаат во Македонија. Нема да има решенија сè додека не можат сите да зборуваат за проблемот на чесен, непристрасен и директен начин. Отворен дијалог, врз основа на доверба и почит, за да се идентификува како можеме да работиме заедно подобро да пронајдеме вистински решенија за овој проблем“, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли, на конфренецијата „Странски терористички борци, промовирање, превенција и отпорност”, во организација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и американската амбасада.

Амбасадорот истакна дека Македонија е стратешки партнер на САД и сигурен партнер во борбата против тероризмот и ширењето на насилниот екстремизам.

„За да се блокираат терористите и ширењето на насилниот екстремизам треба пристап од целото владино тело. Всушност, треба пристап на целото општество. Не може само МВР да ги брка „лошите момци“, треба да постои институционална соработка помеѓу министерствата и актерите на граѓанското општество, вклучувајќи ги и невладините организации, верските групи, медиумите и лидерите на заедницата“, додаде Бејли.

Американскиот амбасадор смета дека најголема предност во Македонија е што секој со секого се познава и затоа се знае што се случува во вашите заедници.

„Борбата против тероризмот е борба против непознатото. Македонија е мала држава. Затоа е полесно да се открие што се случува околу вас.Но треба да ја надминеме неподготвеноста да зборуваме за радикализација. Ние треба да бидеме искрени“, заклучи Бејли.

На конференцијата се обрати и премиерот Зоран Заев кој смета радикализација и учеството во терористичките организации е проблем на сите земји од Западниот Балкан и претставува закана за безбедноста на регионот.

Тој потенцираше дека тероризмот нема националност и религија.

„Ако е така, тогаш и борбата против насилничките закани против човештвото немаат националност и религија, и во справувањето со нив мораме да бидеме единствени и заедно“, рече Заев.

Премиерот смета дека Македонија и останатите држави ворегионот континуирано се изложени на закани и ризици од тероризмот и насилниот екстремизам, со сите нивни појавни форми.

„Имајќи ја предвид сложеноста на радикализацијата и насилниот екстремизам, кои водат кон тероризам, овие феномени се во врвните безбедносни приоритети на нашата земја“, додаде Заев.

Едно од решенијата, според Заев, е соработка меѓу државите на сите нивоа а како основа ја наведе регионалната платформа за борба против насилниот ектремизам и појавата на странски борци.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top