На прво место

КОJ И КАКОВ E ИЗЛЕЗOT?

Нашето постоење како македонски народ и нација е одречено од Запдот — конкретно од САД и ЕУ (а во EУ пред се од Германија и Франција).

Западот сака да не внесе во НАТО по секоја цена, дури и како мртовец со нозете напред. Целта е да ни го смени името и идентитетот за да станеме членка на НАТО без разлика дали како држава или како територија.

Откако насилно ни инсталираа марионетска власт по тригодишната кампања за дестабилизација, cега договориле и ни стокмиле ново име.

За да не избришат како народ, мора меѓу политичката одредница Република и името Македонија да вметнат збор – “Северна” или “Вардарска”.

Секоја додавка или промена на името е катастрофална за нас, а доаѓа во пакет со промена на идентитетот, историјата, книгите, производите, и сл., а на крај целат да направат да испадне како ние да сме се сложиле.

Очекувајте да се појават продавачи на магла (во стил: нека бидеме Вардарска Македонија бидејќи има и Егејска и Пиринска, или пак – ако има Северна има и Јужна), но тој аргумент е очигледно мачкање на очи.

Сега, по изгласувањето на Законот за двојазичност co кој
Македонија е трансформирана во бинационална држава, на Западот му останува да го притисне Заев да прикочи за да не се сoздаде критична маса кај народот за промена на состојбата.

Западот работи преку СДС и ВМРО-ДПМНЕ да се доразвие апатијата и депресијата кај народот, откако не наместија на 27ми април во Собранието за да не оцрнат како насилници и истовремено да не убијат психолошки..

Од добро проверени извори, врхушката на СДС е радосна дека ќе се “решел” проблемот и ќе не примеле во НАТО и наводно во ЕУ. Впрочем тие деновиве итаат во Атина на прговори, а Западните мешетари мораат да ги држат на узди за да не претераат.

Претседателот Иванов е политички мртов откако му го даде мандатот на Заев под притисок и директна закана од страна на САД. Сега се крие. Реално, во ситуацијава не може да се смета на него.

ВМРО-ДПМНЕ е целосно кооптирано од САД, практично не постои. Водството е уценето и следствено не смее поинаку да дејствува. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги продаде локалните избори (и покрај масовното местење да се осигура победа на СДС). САД им има наредено да изгубат и на следните избори, а на тоа се нафатиле за да не бидат судени.

Единствено што го спасува ВМРО-ДПМНЕ е да кажат: што било нека биде, да излезат од Собранието и да го поведат народот на улица. Во спротивно се’ е договор и тие се дел од уништувањето на Македонија.

Да се тргне Груевски од ВМРО-ДПМНЕ не може, Западот не дава, а за да биде тргнат треба да има меѓу-македонски судир. Повторно најлошата варијантa за македонскатa кауза. Такво пасивизирано ВМРО-ДПМНЕ му одговара на Заев да продолжи забрзано да ја тера анти-македонската агенда.

За да нема дилема: сите се уценети на некој начин, вклучувајќи го и Али Ахмети и Билал Касами од партијата Беса, кој пак игра на турско-руска карта.

Сега се очекува судот да му даде пасош на Груевски да може да оди во Париз за на средбата на четирите или пет политички партии во јануари да стават параф за македонскиот геноцид: промена на името и идентитетот. Дали Западот сега ќе кочи малку или ќе оди со полна пареа според првобитниот план, останува да се види.

Очигледно е декa ја употребуваат истата шема како со Рамковниот договор во 2001ва година. Потоа ќе речат; самите се откажавте од себе си, потпишавте. Партиите потписници му даваат легитимитет на овој процес ќе ни речат; вие ги биравте на избори.

Идентитетот, историјата, книгите, се ќе се менува и брише, како во најцрните времиња на нацизмот. Ќе ни кажуваат што смее да се каже и како да се мисли за Македонија.

Бандата на власт се однесува фантастично бахато. Почнаа да апсат градоначалници, а се очекува да апсат многу повеќе подоцна. САД ќе ги пуштат да се заборават од крадење. Потоа ќе го нас’скаат народот против Заев и СДС, исто како што напрвија против ВМРО-ДПМНЕ, за да ги тргнат од власт.

Економијата веќе тоне (по сите параметри) во ситуација кога власта енормно не задолжува. Кој ќе избега надвор – ќе избега, а останатите како ќе се снајдат. Ќе биде како во 90тите, истата неизвеснот и криминал, само полошо.

За да ги сокрие трагите, Западот ќе го реши Заев слично како што го решија Борис Трајковски. Такви им се правилата, а такви фантастични будали Западот не остава долго време. Груевски ќе заврши како Љупчо Георгиевски, како маргиналец, и тој со етикета дека ја предал Македонија.

Постои отпор, меѓутоа тој е индивидуален. Западот преку теророт на СДС и преку махинациите на ВМРО-ДМПНЕ не му дава на тој отпор да прерасне во колективен. Сите патриоти се тргнати на страна и не смеат/можат да организираат демонстрации и отпор.

Нo на Македонија насушно и е потребна ултрадесница која на теренот ќе ги амортизира предавствата. Таква мора да се створи СЕГА! Во нејзино отсуство, секој Македонец треба да се раководи спрема тоа како го води срцето. Исто како нашите стари во Втората светска војна. Друг излез не гледам. Фашизам не се победува со убаво. А злото со кое што се соочуваме е рафиниран фашизам.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top