На прво место

ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПРИТВОРЕНИТЕ И ОСУДЕНИТЕ ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ 2017 ГОДИНА!

VMRO-protest-pred-Vlada

VMRO-protest-pred-Vlada

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

– Македонскиот манифест и Светскиот Македонски Конгрес изразуваат загриженост за политичката криза во земјата која се продлабочува, посебно после рекомпонирањето на власта на вонредните парламентарни избори одржа на 11 и 25 декември 2016 година и настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

За жал, Македонија се наоѓа под опсервација на специјална војна заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата и притоа не се избираат средства за остварување на таа цел, САД вршат грубо мешање во внатрешните работи на Македонија под изговор заштита на американските интереси против руското влијание во регионот.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес ја отфрлаат изјавата на премиерот после локалните избори одржани на 15 и 29 октомври 2017 година дека победата на локалните избори значи пораз на национализмот во Македонија, како дел од стигматизацијата врз Македонскиот народ, од жртва на окупација и геноцид во обвинет заради името, културата, јазикот и историјата!

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес уште еднаш повторуваат дека се’ додека за Софија, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, Договорот за соработка, добрососедство и пријателство меѓу премиерите на Македонија и Бугарија склучен на 1 август 2017 година значи велепредавство на државата и на нацијата, затоа што не ги признава Македонците во Бугарија и утврдува формирање на меѓудржавна комисија за ревизија на Македонскиот јазик, култура и историја.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес го осудуваат секое насилство и агресија врз животите и имотите, но сметаат дека народот и граѓаните имаа право на самоодбрана на законодавниот дом од узурпација на власта, откако шеесет дена од 27 февруари до 27 април годинава, никој не посвети внимание на мирните протести и барањата од движењето “За заедничка Македонија“ во Републиката и меѓу Македонците во светот, посебно после прокламацијата на Талат Џафери за “претседател” на Собранието спроти 16-годишнината од масакрот на терористи на ОНА врз осум припадници на Вооружените сили на Македонија кај Вејце на 28 април 2001 година чиј командант беше Талат Џафери и пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница.

Имајќи предвид дека претходно Собранието со закон ги амнестира терористите од војната во 2001 година, неприфатливо е учесниците во движењето “За заедничка Македонија“ да бидат притворани и судени за кривично дело “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“!

Граѓаните предизвикани со насилство од пратениците врз Уставот и законите, не може да бидат прогласени за терористи во Македонија заради заштита на уставниот поредок на државата!

Поради еднаквоста на сите пред Уставот и законите и семакедонско помирување и обединување, Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес бараат јавното обвинителство да ги повлече сите тужби и да ги прекине сите истражни дејствија по службеност, во спротивност Собранието по итна постапка да донесе Закон за помилување или Претседателот на Републиката да донесе одлука за помилување во согласност со членот 11 од Законот за помилување на инволвираните во врска со настаните од 27 април 2017 година, имајќи го предвид нивниот патриотизам за заштита на суверенитетот и интегритетот на државноста.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес го осудуваат политичкиот реваншизам и демонстрацијата на сила од позиции на власт, што генерира тензии и врши поларизација во општеството.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес повикуваат на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес, истовремено, изразуваат разочарување од одлуката на Врховниот суд на Македонија за пуштање на слобода на обвинетите Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута и за враќање на повторно судење на предметот “Монструм“ за петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езерце на 12 април 2012 година на Александар Накевски (18), Филип Славковски (20), Кире Тричковски (21), Цветанчо Ацевски (19), сите од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево, како дел од барањата на “тиранската платформа“ за опстанок на владината коалиција на штета на правдата и вистината.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес очекуваат повтореното судење на предметот “Монструм“ да ги потврди пресудите против обвинетите кои Врховниот суд ги укина, а доколку не постојат дополнителни докази кривично треба да одговараат и јавниот обвинител и врховните судии и премиерот поради лажно сведочење за постоење на прислушувани разговори кои можеле да го сменат текот на судењето!

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес, исто така, најостро ја осудуваат одлуката на Кривичниот суд, а по барање на Специјалното јавно обвинителство, за двомесечната мерка притвор на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, којшто траеше од 26 септември до 26 ноември 2017 година и покрај неговата нарушена здравствена состојба, и мерката куќен притвор од 26 ноември до 27 декември 2017 година, под обвинение за наводни “изборни нерегуларности на локалните избори во Република Македонија во 2013 година“.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес и натаму сметаат, дека притворот за Едмонд Темелко не е превентивна мерка поради ризик од негово бегство од државата, туку претставува одмаздничка мерка и против него и против Македонците од Албанија кои имаат и македонско државјанство и живеалиште во Македонија. Притворот на Едмонд Темелко претставува политичка хајка против единствениот градоначалник Македонец и претседател на единствената Македонска партија во Албанија, за жал, во духот на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, во намерата Македонците во Албанија да се прогласат за Бугари.

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес изразуваат жалење затоа што Македонската Влада со ништо не се спротистави да ги заштити правата и слободите на Македонците во Албанија од агресијата на Софија за нивна бугаризација!

Македонскиот Манифест и Светскиот Македонски Конгрес сметаат дека Македонците од Република Албанија, со македонско државјанство и живеалиште и на територијата на Република Македонија, имаат неотуѓиво и неприкосновено право да гласаат на сите избори во Македонија и за тоа не може да одговараат пред никого!

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top