На прво место

ДРАГАН БОГДАНОВСКИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛ СО ИЗБОРОТ НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ

Hristijan

Hristijan

Христијан Мицкоски, новиот председател на ВМРО ДПМНЕ ќе биде иден Премиер на Македонија

Самиот избор како и секогаш во Македонија е пропратен со ” јасновидци, генијалци и најпаметни” сеирџии кои колку и да грешат, ќе речат – што ти реков, знаев, ама кој да ме слуша …

Зошто Христиан Мицкоски беше фаворит и сите други во сенка? Дајте со оладени глави да размислуваме, не со однапред замислени предрасуди.

Христијан е пред се толку наобразован и навистина народски кажано, боли глава.

Толку едукација, научни трудови и дипломи немаат сите председатели на сите земји од Г7 до Г20 заедно со нивните секретари или секратарки, сеедно.

Познат е по барање дисциплина и тоа мене лично, не знам колку вас, многу ме радува. Исто така бара секој еден што има било каква убава и добра идеја за Македонија или економијата, спремен е на секој добронамерен да му подаде рака и да го вклучи во неговиот тим.

Гледајќи го интервјуто со него, заклучив дека се работи да образован,културен и достоен политичар кој ќе биде пример надалеку.

Има и неверни Томи кои сметаат дека е “човек” на Бејли па наводно ќе “тргувал” со името и бла, бла, бла …

Почитувани Македонци, уште Христијан не седна да се одмори а му предскажавте се што ќе прави и направи.

Па ајде кажете кога се знаете, кога ќе ме тресне лото или кога козата на комшијата ќе му умре?

Зошто бре не отидете на Кале и таму ете влезете и борете се со Бејли, мислам на културен и цивилизиран начин, со докази, реноме и репутација. Доколку не знаете како,што и зошто … оставете Христијан со ВМРО ДПМНЕ да се борат како тие мислат и милуваат. Да му дадеме шанса да работи и тој ќе сработи за сите нас.

ВМРО ДПМНЕ беше основа создадена за браник на Македонија од Драган Богдановски како дисидент од дијаспората.

Со Никола Груевски и неговите корени од беломорскиот дел на Македонија па во моментов со Христиан Мицкоски, немаме избор да критикуваме и изиграваме Нострадамуси, туку напротив, да удриме сите заедно посилно против хунтата.

Исто верувам во Мане Јаковлески, кој заедно со Драган Богдановски во Берлин ја донесоа одлуката за основање на ВМРО ДПМНЕ и беше на Конгресот до Христијан Мицкоски. За мене е тоа добар знак.

Едно знам и сигурен сум – ДРАГАН БОГДАНОВСКИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛ СО ИЗБОРОТ НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ.

Да бидеме здрави и живи и да паметите кој што рекол и направил за Македонија.

Христијан Мицковски, со среќа нека ти е председателството и само напред, со Божја помош за спас на Македонија !!!

АМИН!

Dzeposki

Александар Џеповски-Австралија

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top