На прво место

И ПОКРАЈ РАСИЗМОТ НА АНТИМОС И “НЕЗАВИСНИ ГРЦИ”, ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПОМИРУВАЊЕ

14

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

И ПОКРАЈ РАСИЗМОТ НА АНТИМОС И “НЕЗАВИСНИ ГРЦИ”, ПРЕДЛОГ ЗА МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПОМИРУВАЊЕ И ДОГОВОР ЗА ТРАЕН МИР И ДОБРОСОСЕДСТВО МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА!

7 јануари 2018 година, Атина, Грција – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ги отфрла како расистички изјавата на солунскиот митрополит Антимос дека “Македонија значи Грција и Грција значи Македонија“ и изјавата на министерката за Македонија и Тракија, Мариа Коља-Царуха, од редовите на “Независни Грци”, дека “Македонија е грчка и Македонија е Грција“, за време на осветувањето на водите и фрлањето на крстот во Белото Мире во Солун, а по повод вчерашниот празник Водици што се слави во Грција.

СМК смета дека партијата “Независни Грци”, лидерот на партијата и министер за одбрана Панос Каминас, и Мариа Коља-Царуха како министер за Македонија и Тракија, може да “веруваат дека Македонија е грчка и дека никој нема право да го користи ова име за свои цели”, но не смеат да заборават, дека Грција, формирана во 1821 година, до 1912 година била под Олимп и дека за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година, вршејќи геноцид врз Македонскиот народ што трае до денес.

И покрај се’ и после се’, СМК предлага Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, и Декларација за македонско-грчко помирување во којашто ќе се каже дека, клтурата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

СМК и натаму бара безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна процвинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат, (соодветно на Република Ирска и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска).

СМК очекува извинување од Атина за историските и општествените неправди против Македонците во Грција, репарации за експлоатацијата на природните и археолошките ресурси од 1912 година како и за штетите врз животите и имотите на Македонците во окупираните територии на Македонија, како и враќање на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската Војна во Грција 1946-1949 година!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top