МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРИЈА
ПРОТЕСТ ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВИЕНА НА 20 ЈАНУАРИ ВО 5 ДО 12 ЧАСОТ!
16 јануари 2018 година, Виена, Австрија
– Македонската заедница во Австрија на 20 јануари (сабота) во 5 минути до 12 часот организира мирен протест “ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА“ пред Македонската амбасада во Виена.
– И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, Македонија е нашиот единствен заеднички именител, Македонија е нашиот единствен заеднички содржател!
Повикуваме на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството!
Ве повикуваме на одбрана на унитарноста и државноста на Македонија! Ве повикуваме во одбрана на македонскиот јазичен простор во државата Македонија, – се вели во прогласот на Македонската заедница во Австрија.