На прво место

КНИГА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЛИНГВИСТИЧКИ КОРЕНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СЕГМЕНТИ ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК И ВО БИБЛИСКИ ПОИМИ

Macedonian Slavic dialects 2

Macedonian Slavic dialects 2

Александар ДОНСКИ

Неодамна на англиски и на македонски јазик излезе од печат книгата „МАКЕДОНСКИ ЛИНГВИСТИЧКИ КОРЕНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СЕГМЕНТИ ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК  И ВО БИБЛИСКИ ПОИМИ“  од авторот Џорџ Димовски од Австралија.

Верувам дека секој што го знае англискиот јазик има забележано сличности помеѓу основни зборови од англискиот и македонскиот јазик. Дали се случајни сличностите помеѓу англискиот збор „lop“ (соголува) и македонскиот збор „лупи“ (што го има истото значење)? Или сличноста помеѓу англискиот збор „beat“ (тепа, удира) со основата на македонската  именка „битка“ (што исто така значи тепање)? Или помеѓу англиската заменка „beyond” (што значи „зад“), која нападно потсетува на македонскиот израз „би онде” (се наоѓа онде)? Обата збора имаат сличен изговор и слично значење (нешто што се наоѓа потаму, т.е. онде). Вакви примери во оваа книга има многу и нивниот број е доволно голем што никако не може да стане збор за „случајност”. Впрочем, авторот Димовски посочува дека овој факт воопшто не е спорен и истиот е спомнат во големиот Оксфордски Речник на англискиот јазик (Australian Concise Oxford Dictionary, Fifth Edition, ISBN 978 0 19 556888 2) каде сосема јасно е посочено дека во денешниот англиски јазик има зборови и од „словенско“ потекло.

Па од каде сличноста помеѓу англиските и македонските зборови? Во книгата „МАКЕДОНСКИ ЛИНГВИСТИЧКИ КОРЕНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СЕГМЕНТИ ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК  И ВО БИБЛИСКИ ПОИМИ“, покрај големиот број вакви примери, кои детално се анализирани од страна на мошне талентираниот истражувач Димовски, презентирани се и историски факти во поткрепа на историската оправданост на ваквата состојба. Преку оваа книга читателите ќе се запознаат со неверојатни податоци за прифаќањето зборови од јазикот на античките Македонци од страна на Римјаните и нивно инкорпорирање во латинскиот јазик, а преку него и во современиот англиски јазик, како и со тврдења од светски лингвисти дека во јазикот на античките Македонци (посебно среде зачуваните зборови од овој јазик во Лексиконот на Хесихиј од V  век) исто така се евидентирани елементи од „словенските јазици“.

Во вториот дел од книгата авторот Димовски презентира фрапантни поклопувања помеѓу некои библиски поими со соодветни поими и зборови од македонскиот јазик, кои секако дека никого нема да го остават рамнодушен.

Книгата „МАКЕДОНСКИ ЛИНГВИСТИЧКИ КОРЕНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СЕГМЕНТИ ОД АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК И ВО БИБЛИСКИ ПОИМИ“ треба да ја набави секој што го интересира културното наследство што го оставиле Македонците во светот кое очигледно е далеку поголемо отколку што се мисли.

За повеќе детали околу оваа интересна книга и за нејзина набавка можете да контактирате со авторот Џорџ Димовски (George Dimovski) на адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top