На прво место

Големи протести на Македонците во Македонија,Европа, Америка, Австралија,Канада,Нов Зеланд

Големи собири на Македонците во Канбера, Сиднеј, Скопје и дуги градови во Австралија, Америка, Канада, Нов Зеланд и Европа под мотото „Ние сме Македонија“

Мирните протести се организираат во одбрана на нашите човекови права и за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и државност.

Распоред на одржување на протестите:

Недела, 18ти февруари 2018г. КАМБЕРА, Масовен народен собир, пред Амбасадата на Р. Македонија во Канбера, со почеток во 12 часот.

Вторник, 27ми февруар 2018г. во 18 часот-СКОПЈЕ, Масовен протест пред Мисијата на Европската Унија до Собрание на Р. Македонија.

Недела, на 4ти март 2018г.. СИДНЕЈ, Масовен протест во центарот на Сиднеј, под Мотото „Ние сме Македонија“.

Исто така најавени се повеќе протести низ Австралија, Америка, Канада, Нов Зеланд и Европа, во знак на солидарност и македонско национално единство.

Овие семакедонски народни собири под мотото „НИЕ сме Македонија“, се во знак на солидарност со нашите браќа и сестри во Македонија, како и да го искажеме нашиот револт за незаконските преговори за нашето уставно име, Република Македонија, како, и тоа дека сме против нападите врз нашиот идентитет, јазик и нашата богата македонска култура и историја.

Се покануваат сите македонски друштва и организаци и поединци – патриоти, во што поголем број, да присуствуваат на овие протестни собири.

Сите луѓе кои што имаат крв македонска, заедно со сите оние што ја сакаат Македонија, треба да бидат на овие протести и да станат дел од оваа глобална иницијатива во одбрана на нашите човекови права, на нашето македонско име, нашиот македонски идентитет и јазик.

Од работната група „Ние сме Македонија“

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top