На прво место

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КАНБЕРА!

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КАНБЕРА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРАЛИЈА

13 февруари 2018 година, Канбера, Австралија

– На 18 февруари 2018 година (недела) во 12.00 часот, Македонската заедница во Австралија организира мирен протест пред Амбасадата на Република Македонија во Канбера, за одрбана на името на државата и идентитетот на нацијата.

Македонците во Австралија бараат: (1) безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) повлекување на Законот за употреба на јазиците; (3) повлекување на Договорот Заев-Борисов; и (4) итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година и на Едмонд Темелко.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до странските амбасади во Македонија.

Македонците во Австралија отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

За учесниците на протестот има организиран автобуски превоз од Сиднеј, Волонгонг и Њукасл. Дополнителни информации можат да се добијат во македонските организации или испратете порака на страната на настанот #WeAreMacedonian.

Амбасадата на Република Македонија се наоѓа во Канбера, на 25 улица Кобабада, О’Мали ACT 2606.

—————————————————————————————————————

On Sunday, 18 February 2018 at 12:00pm, Macedonians from around Australia will meet at the gates of the Embassy of the Republic of Macedonia in Canberra, in defence of our fundamental human rights to self-determination and to protect our Macedonian name, identity, language, history and culture.

Buses are being organized from Sydney, Wollongong and Newcastle. Please contact your respective organizations for further information or send a message to the #WeAreMacedonian event page.

Address: Embassy of the Republic of Macedonia, Canberra, 25 Cobbadah Street, O’Malley ACT 2606.

For our Victoria Macedonians please message us for more information on how you can get involved as well.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top