На прво место

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН

makedon2

makedon2

ПРОГРАМА НА ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ

10 февруари 2018 година, Скопје, Македонија – Секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци којашто ќе се одржи на 30 јуни и 1-2 јули 2018 година ја утврди програмата за средбата.

Средбата е во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН во којшто членуваат 17 здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, претежно поранешни деца бегалци од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, насилно протерани од своите родни огништа.

___________________________________________

30 јуни 2018 година (сабота)

09.00 часот – Свечено откривање на Споменикот на децата бегалци на Кејот на Вардар, со поздравни говори.

10.00 часот – Полагање свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец.

12.00 часот – Свечен собир во Спортско-рекреативниот центар “Јане Сандански“ во општина Аеродром

Проекција на спотот за “Црниот тефтер“.

Едноминутно молчење за сите загинати Македонци во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција.

Поздравни говори.  

Во културно-уметничката програма ќе учествува Ансамблот МАКЕДОНИЈА.

Изложба на фотографии од светските средби на децата бегалци во холот на Спортско-рекреативниот центар “Јане Сандански“.

Тричлени делегации ќе положат свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев и Споменикот на првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто.

20.00 часот – Изложба на ликовни дела “Прогон“ во Музејот на македонската револуционерна борба.

___________________________________________

1 јули 2018 година (недела)

08.00 часот – Тргнување од Скопје

08.30 часот – Полагање цвеќе на Споменикот на починатите ранети од Граѓанската војна во Грција во Катлановска бања

09.00 часот – Излет на Велешко езеро

Поздравни говори од организаторите и поканетите гости, потеско читање, културно-уметничко друштво од Егејскиот дел на Македонија, ручек.

16.00 часот – Враќање во Скопје.

___________________________________________

2 јули 2018 година (понеделник)

21.00 часот Свечена вечера во хотел “Холидеј Инн“ во Скопје

поздравни говори, поетско читање, културно-уметничко друштво од Егејскиот дел на Македонија, вечера.

___________________________________________

Пријавувањето се врши кај претседателот на Секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци, Ташко Јованов – мобилен 075823941.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top