На прво место

Зошто Европа не реагира на грчкиот шовинизам кон Македонија?

Принцот Михаел од Лихтенштајн прашува: Зошто Европа не реагира на грчкиот шовинизам кон Македонија?

Зошто Европа не реагира на грчкиот шовинизам кон Македонија, за спорот кој ги труе односите на Балканот, зошто Атина ги малтретира соседите како Албанија и Турција, што со корупцијата во оваа земја… Конечно зошто толку многу малку критика – но многу финансиска поддршка – е насочена кон Грција, прашува Принцот Михаел од Лихтенштан во анализата на грчкото однесување на Балканот и воопшто во Европа, за Гис рипорт онлајн.

„Загриженa од руските активности во Западен Балкан, ЕУ одлучи ида се отворикон земјите од овој регион. За почеток, преговорите за пристапување би можеле да бидат отворени со Србија и Црна Гора.

Но, прво, еврокомесарот Јоханес Хан треба да се справи со непријатната, непотребна пречка создадена од грчкиот шовинизам кон Македонија. Приговорите на Грција за името на Република Македонија веќе долго време го блокираат членството на земјата во НАТО и аспирациите кон ЕУ.

Противењето на грчките власти се темели на историската традиција и постоењето на соседен регион во Грција наречен Македонија. Оваа гротеска ситуација е одговорна за употребата – по грчко инсистирање – на посебниот жаргон: „Поранешната Југословенска Република Македонија“.

Спорот ги труе односите на ЕУ во Западен Балкан, област во која се судираат западните и руските интереси.

Со оглед на тоа што ЕУ конечно одлучи да покаже поголем интерес за Западен Балкан, преговорите меѓу Грција и Македонија за ова прашање се интензивираа. Од медијаторот на ОН беа предложени алтернативни имиња, вклучувајќи ги Нова Македонија, Северна Македонија, Горна Македонија и Вардарска Македонија.

Имаше и други смешни барања од Атина, а македонскиот премиер Зоран Заев дури и се согласи на некои – како што е отфрлање на „Александар Велики“ од имињата на меѓународниот аеродром во Скопје и автопатот Е-75.

Македонија не е единствената жртва на ваквото малтретирање. Грчката влада, исто така, се расправа со Албанија околу нафтените и гасните наоѓалишта во Јонското Море и реституцијата и околу албанско етничко малцинство Чами кое беше насилно протерано од Грција по Втората светска војна.

Дури и кога некој ќе погледне подлабоко во историско непријателство помеѓу Турција и Грција, треба да се претпостави дека грешката не лежи исклучиво на турската страна. Додека грчките власти се преправаат дека имаат само мирни намери, тешко е да се игнорираат нивните лоши односи со речиси секој сосед.

Ова не е случајност. Тоа е резултат на претераниот грчки национализам, кој станува обврска за остатокот од Европа.

И тоа не е најлошото од с’е. Многу поголем проблем за Европа е состојбата на јавните финансии во Грција, предизвикана од корупцијата и лошото владеење што ја мачат земјата откако со воен удар беше соборена уставната монархија во 1967 година.
Се чини дека ЕУ има проблеми со одредени членови. Брексит е одличен пример. Но, притисокот и критиките во име на зачувувањето на европскирте вредности се насочени кон Унгарија и Полска, како и кон Австрија и Чешка.

Многу малку критика – но многу финансиска поддршка – е насочена кон Грција. Дипломатските проблеми во земјата, лошото владеење и недостатокот на економска дисциплина се шокантни…

– како што е соучеството на Европа во оваа ситуација. Како може некој да бара од државите од Западен Балкан да го подобрат владеењето и да ги почитуваат границите на своите соседи додека на Грција ѝ е дозволено сè?

Овој вид хипокризија само му штети на кредибилитетот на Европа. Иако сите ние за што е можно повеќе самоопределување за земјите-членки на ЕУ, не можеме а да не запрашаме зошто Европа е толку попустлива кон Грција.

Превземено од

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top