На прво место

Нашата помош ќе трае толку долго колку што ќе трае тиранијата врз Македонскиот народ

kanada

kanada

МАКЕДОНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА!

АКО ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРОТЕСТ НА 27-МИ ВО СКОПЈЕ, А НЕ ЖИВЕЕТЕ ВО СКОПЈЕ,НИЕ ЌЕ ВИ ОБЕЗБЕДИМЕ ПРЕВОЗ! ПИШЕТЕ ПОРАКА!

Македонија е под опосервација на специјални надворешни и внатрешни сили за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во светот, како нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ чии корени се во Македонија, имаат историска и морална обврска да помогнат во одбрана на татковината! Во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата.

Неодложно е потребно семакедонско помирување и обединување во целиот свет за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Со Македонија постоиме сите,без Македонија ќе исчезнеме како нација!

По тој повод, Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада како сојуз на македонски патриотски организации во Канада кои се дел од Глобалната Македонската Координативна Мрежа, одлучи дека ќе направи се во своите можности Семакедонскиот Протест на 27-ми Февруари да биде масовен и го покаже единството на Македонскиот народ!

Македонската Координативна Мрежа од Канада ќе ги покрие целосно сите трошкоци за озвучување на протестот,воедно ќе ги покриеме трошоците за автобуси на сите организирани групи во Македонија кои не се во можност да ги покријат сами,до сега имаме 13 автобуси од разни градови на Македонија!

Нема да дозволиме тешката финасиска ситуација да ги остави патриотите дома додека цела Македонија и Македонците во Светот се дигаат за одбрана на Македонските Национални права!

Нема да дозволиме фамилиите на нашите уставобранители да останат без леб додека нашите браќа и сестри гнијат по Македонските затвори само затоа што си ја бранеа својата земја!

Ова е само почеток, нашата помош ќе трае толку долго колку што ќе трае тиранијата врз Македонскиот народ од кој сме дел и ние!

27-МИ ЦЕЛО СКОПЈЕ ДА БИДЕ ВО ЦРВЕНА БОЈА!

Да ни е вечна Македонија Браќа и Сестри Македонци!

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top