На прво место

Зоки до кога ќе ја виткаме кичмата пред јужниот сосед?

Зоки до кога ќе ја виткаме кичмата пред јужниот сосед?

Со последните потези на македонската влада каде аболицираниот лидер Зоран Заев и Неговата дружина ги менија имињата и воедно, ги отстранија и таблите од Аеродромот Александар Велики во меѓународен Аеродром Скопје и се сменија сите патокази од таблите од Табановце до Гевгелија од Александар Македонски во Пријателство.

Дали со овие потези македонската влада ја витка кичмата кон нашиот јужен сосед?

Конечно се очекува грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас да не патува со автомобил до Скопје или да слета на приштинскиот аеродром. Се очекува во текот на наредните денови Коѕијас конечно да слета на новоименованиот по негова желба Меѓународен аеродром Скопје каде во своето куферче ќе носи предлози од грчка страна со цел да се реши повеќедеценискиот спор со нашето Уставно име.

Во оваа прилика се прашувам зошто лицето З.З. Само попушта пред грчките … притисоци?

Зошто и ние не побараме да се мени името на солунскиот аеродром и автобуската станица во истиот град кое со ословуваат со името Македонија?

Лицето со иницијалите З.З. во странските печатени и електронски медиуми дава информации дека македонската влада е подготвена за компромисно решение за името. Веднаш, од Владиниот кабинет со пинг-понг удари нагласуваа дека Зоки мислел или електронските и печатени медиуми излегле од контекст на интервјуто со премиерот Зоран Заев.

Со цел да не се нарушува политичкиот амбиент во нашава земја Владиниот кабинет замоли да не се водат дебатни емисии во врска со името на јавниот медиумски сервис и на приватните телевизиски куќи во нашата. земја.

Зоки сигурно од голема ангажираност не се јавува на суд за него под кодното име Поткуп каде тој лично бара мито од струмички бизнисмен.

Умираат пациенти по државните и приватни клиники, а Зоки иронијата да биде уште поголема во предизборната кампања За живот ветуваше по 100.000 денари за лекар специјалиста.

Зоки со скопскиот градоначалник и Градскиот архитект се занимаваат со рушење на споменици од проектот на претходната влада под Скопје 2014 . Зоки и да не се плански одобрени спомениците сепак тие се пари од обичниот македонски народ.

Ветувавте исто така, поврат на ДДВ на обичните граѓани со приложување на на фискални сметки на крајот од годината.

Зоки твоите тактичко – технички маневри се прочитани од македонскиот електорат.

Зоки, останува да покажеш кога ќе се симнеш од премиерскиот трон како најголем губитник на македонската политичка сцена.

Дипл.Екк.Р.В.Јованоски

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top