На прво место

ОМД ја информира јавноста дека ги прекинува сите комуникации со сегашната влада на Р.Македонија

omd

OMD

ОМД бара импичмент на Талат Џафери и колективна оставка на владата и владината коалиција

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) најостро го осудува неуставното и собраниското отстапување од деловникот при донесување на законот за јазици, и притоа повикува на поништување на истото. Воедно, ОМД ги повикува политичките субјекти кои се произнесоа против законот за употреба на јазиците, да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така незаконски избраниот Претседател на Собранието, Талат Џафери.

ОМД ја информира јавноста дека од 14ти Март 2018та година, ги прекинува сите комуникации со сегашната влада на Република Македонија и пратениците кои гласаа за законот за употреба на јазиците, и јавно се оградува од било каква идна соработка со оваа владина структура која наместо да ги штити, штети на националните интереси и ја загрозува унитарноста на државата.

…Денес, пратениците на СДСМ, слепо водени од партиските интереси,заборавија дека се избрани да го бранат демократското уредување и Уставот на Република Македонија. Заборавија дека Парламентот е гранка од системот што служи за демократска дебата и каде се спречуваат, а не креираат противуставни закони.

Заборавија дека се Македонци.

Денеска овие пратеници свесно згазија врз идеалите на Илинден и АСНОМ и сите жртви положени за независна Република Македонија.

…ОМД ја поздравува правовремената реакција на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува овој закон, и го повикува да ги искористи сите средства во одбрана на Македонските национални интереси. Го повикуваме Македонскиот народ во државата да го искористи своето демократско право на мирен протест како начин за искажување на незадоволство кон политиките на владата и Парламентот на Република Македонија.

Неминовно, ОМД го повикува Уставниот Суд на Република Македонија во најкраток можен рок да се произнесе по основ законот за употреба на јазиците, чија Собраниска постапка преку оневозможување на јавна расправа по повод поднесените амандмани го прекрши Уставот на Република Македонија. Согласно случувањата кои претставуваат преседан во основите на демократијата, ОМД апелира на истрага при која сите вклучени во денешното газење на Уставот ќе одговараат кривично пред законот.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top