На прво место

За Грците античка Македонија е само туристичка атракција и дестинација… и страв лозје чува

tomic

tomicИЗГУБЕНИ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ!

Големиот Аристотел, на македонскиот крал Александар Трети Македонски му рекол: “…не земајми го она, што не можеш да ми го дадеш…“

Така е и со нас Македонците и нашата судба. Биолошкиот код, идентитетот, не може никој да ни го трампа за ништо на светов, тоа е свето и исконско, какви што ни се основните белези на самоспознавање, самоидентификување и самоопределување.

Затоа, бегајте оттаму каде што не сте подобен или пожелен. Одете таму каде што ве канат и не ве уценуваат. Само така ќе успеете да го сочувате идентитетот и достоинството.

А, што беше тоа достоинство? Тоа не е гардероба која се менува секоја сезона. Но, каде е достоинството и моралот на македонскиот политички врв кој по секоја  цена е готов да ги избрише за секунда идентитетот, јазикот, културата, историјата на Македонскиот народ? Кој има дава за право на политикантите кои ветуваат “живот“, на сите нам да ни го раскрчмат и распродадат сето божјо дело? Зошто страв од сапоспознавањето? Зошто несигурност во потврдените факти и генетскиот код на Македонскиот народ? Па, со крв сме ја претопиле земјава за свои на своето, за Македонското! Секој камен во Македонија е гроб на знаен и незнаен јунак за слобода и држава!

Стравот од тоа да се биде свој, ослабнува паралелно со себеспознанието и правилното разбирање и доживување на своето его и сум што значи постојам! Надминувањето на овој страв е единствениот излез од оваа пат позиција. Самоспознанието е основен предуслов за постоење. Кога некој не те почитува, смета дека не си вистина, гази по твојот идентитет, зошто и натаму кон таквите со сервилност!

Впрочем, од каде мандат за таков самоканабализам? Веќе го чувме “спасителот“ црпнат од нивата македонска, кој ни нуди спас за да не нема. Дали воопшто се прашува двоецот Заев-Димитров дека вака повеќе не оди како што не треба? Неприфатливи се лагите пред сопствениот народ! Луѓе, повеќе никој не може да манипулира со светите белези на Македонија и Македонскиот народ!

Секому му е јасно дека нашиот јужен сосед нема ништо со македонизмот. Ниту “М“ од Македонија и македонизмот! “Егејска Македонија“ во Грција е само географија и ништо друго и ништо повеќе… Тогаш, зошто овааа шизофренија се’ да изгубиме и да не (с)нема?

До 1988 ниту “М“ не смееше да се изговири, а камоли Македонија и Македонци кај јужниот сосед со главен град Атина. Но, бизнисот го стори своето. За Грците античка Македонија е само туристичка атракција и дестинација… и страв лозје чува.

За жал, македонското “лозје“ беше пеплосано… И Балканските војни 1912-1913 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, меѓу нив и Првата и Втората Светска Војна, исто така, отераа во прогонство стотици илјадници Македонци од нивните родни огништа во Егејскиот дел на Македонија. Грција до 1831 не постои, а до 1912 година е под Олимп. За првпат Атина ја окупира Македонија во Балканските војни, вршејќи геноцид и етничко чистење врз Македонците којшто трае до денес. Промената на името на државата Македонија е завршната фаза за затворање на македонското прашање…

Имено, Македонија и македонскиот идентитет се големата мака на окупаторска, расистичка и фашистичка Елада!

Зарем со спогодби се ретушираат историјата и вистината, генетскиот код на цел еден народ, со контуниутет од пред нашата и во нашата ера.

Никос Коѕиас многу добро знае каде доаѓа и на која земја гази. Дури и самиот за себе вели дека е Македонец, но зошто му пречи, сака да ни брани нам, ние да не сме тоа што од секогаш сме? Привилегија е секој да има дел од македонскиот генетски код. Но, тоа треба да е по заслуга, а не поради сила. Македонец не значи варварин туку благородник, Македонец не е малициозност туку достоинство вредно за почит.

И на сите 137 држави кои ја признале Република Македонија под уставното име јасно им е како ден што е Грција, а што е Македонија – два различни збора, именки на две различни држави!

Едоставното, секогаш создава конфузија, и страв од неуспех. Патем, германскиот амбасадор во Македонија Ханс Лотар Штепан, во неговиот труд “Македонскиот јазол“, јасно и гласно порача дека ние не можеме ништо друго да сме освен тоа што сме, Македонци сме!

Еве денес, токму на денот на пролета, посетата на Никос Коѕиас на Република Македонија поминува со револт во студ. И времето се смршти, не покажа радост, туку снег и студ, лоши гости ни дојдоа да ни нудат промена на имиња, на аеродроми, автопатишта и што ли уште не.

Единствениот аеродром Александар Велики, домаќините на Коѕиас го преименуваа во “Меѓународен аеродром Скопје“. Жалосно, така јужните соседфи до ден денешен не’ ословуваат. Нема да не’ зачуди ако и Охридскиот аеродром Свети Апопстол Павле побараат да се смени, харикири пардон камикази двоецот Заев-Димитров и тоа да го сторат.

А, ќе го покани ли некој Никос Коѕиас, можеби двецот Заев-Димитров, на кафе муабет на плоштадот Македонија, да се вооудушевуваат на прекрасниот споменик на Александар Македонски и неговиот коњ Букефал, на еопицентарот на македонската синергија како што вели Македонецот Георги Филев? Знаете, секое добро треба да се започне на плоштадот Македонија, токму во епицентарот на воинот на коњ, на местото на Александар Македонски. Впрочем и Нимиц, не ја испушташе оваа глетка кога и да ја посетеше Република Македонија, бидејќи и тој е голем вљубеник во човекот кој го спојуваше и обединуваше светот.

Александар Македонски не е нечија сопственост и ексклузивно право. Тој е космополит и припаѓа на светот, припаѓа на сите во универзумот.

Се’ друго, тука и даровите на Данајците што Коѕиас ги носи од Атина пред Заев и Димитров, е спогодба на Сатаната што бриши историја и вистина, тоа е авантура на изгубените во времото и просторот!

пишува: Слободан Томиќ

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top