На прво место

Проект за автонимија на Македонија, Албанија, Стара Србија и Одрин од 1902 г. (втор дел)

avtonomska-makedonija-proekt

avtonomska-makedonija-proekt

Во периодот непосредно пред Илинденското востание посебно се ангажира „Македонско-албанската лига” во Лондон. Таа во 1902 година го издава весникот: „L’ Autonomie”, чијшто прв број излегува на 10 мај 1902 година. Во овој број на весникот е објавен овој „Проект”, подготвен од „Комитетот за автономија на Македонија и Албанија. На 4 септември 1903 година на Фории офис во Лондон му се препраќа „Проектот” од името на овој „Комитет”.

Во текстот на „Проектот“ од 1902 година на Комитет за автономија на Македонија кој овде ви го пренесуваме во целост стои:

“Проект за автонимија на Македонија, Албанија, Стара Србија и Одрин

Член 1

Наместо вилаетите Солун, Битола, Косово, Одрин, Скадар и Јанина, ќе се формираат четири провинции, една од кои ќе го носи името Албанија, и другите: Македонија, Стара Србија и Тракија. Овие провинции ќе останат под директна политичка и воена власт на Неговото Царско Величество Султанот, под услови на административна автоnoмија,

Член2

Во провинцијата Албанија ќе влезат териториите од вилаетите Скадар и Јанина; во провинцијата Македонија: вилаетите на Битола и Солун; во провинцијата Стара Србија вилаетот Косово; и во провикцијата Тракија вилаетот Одрин.

ЧленЗ

Неговото Величество Султанот ќе има право да се грижи за одбрана на границите на четирите провинции од копно и од море, бранејќи ги овие граници и чувајќи ги со војска.

Внатрешниот ред во секоја провинција ќе го одржува една меѓународна полиција, потпомогната од месна милиција.

Во составот на домашната полиција и месната милиција ќе се води сметка за различните краишта, за националноста и религијата на населението.

Регуларните турски војски определени за пограничните гарнизони не ќе можат во никој случај да бидат на стан во куќите на населението.

При преминувањето низ провинциите војските не ќе можат во нив да се задржуваат.

Член4

Еден Висок комесар од европско потекло и националност ќе биде назначен од шесте Големи сили за период од три години. Тој ќе има за одржување на внатрешната безбедност во четирите провинции едно тело од меѓународна полиција.

Член5

Еден Генерален гувернер од европска националност ќе биде именуван во секоја од четирите провинции од Високата Порта со согласност на Силите за време од пет години.

Член 6

Ќе биде формирана Европска комисија, која ќе биде помагана од домашна делегација составена од претставници избирани од народот, спрема различните националности и религии.

Комисијата во согласност со Отоманската Порта ќе работи врз организацијата на четирите провинции.

Оваа Комисија во период од шест месеци ќе ги определи границите помеѓу четирите провинции, правата и должностите на генералниот гувернер, како и административниот, судскиот и финансискиот режим на четирите провинции, земајќи ги под внимание прописите формулирани од меѓународната комисија, која се состана во Цариград во јуни 1880 година, имајќи ги предвид религиозните слободи во сите култови и во согласност со принципите на еднаквоста пред судските и административните власти, слобода на јазиците на кои зборува населението во четирите провинции.

Сите мерки определени за овие провинции да бидат потврдени од еден царски ферман прокламиран од Високата Порта а кој треба да им биде предаден на Силите.

Член?

Комисијата ќе биде натоварена да ја врши автономната управа во четирите провинции за усовршување на новата организација.

За таа цел ќе се собере еден окупационен корпус од 45.000 луѓе разделен на четири пешадиски дивизии и една коњичка дивизија од меѓународни војски, доброволно регрутирани, со европски офицери и луѓе под командата на генерали што и припаѓаат на една од неутралните држави во Европа.

Овој окупационен корпус ќе се издржува на местен трошок. Времетраењето на окупацијата ќе се фиксира со времетраењето на работата на Комисијата и од потребата за одржување на внатрешен ред. Потоа ќе се редуцира на половина и ќе остане под називот меѓународна полиција, под распоредба на Високиот комесар.

Член 8

Неговото Царско Величество Султанот ќе преземе мерки, додека се формира окупациониот корпус и додека Комисијата ја започне својата работа, за повлекување на сите војски, како регуларни така нерегуларни, освен оние што се потребни за гарнизоните на граничните фортификации споменати во членот 3.

Член9

Изборите за месната делегација споменати во членот 6 ќе се одржат петнаесет дена по евакуацијата на територијата од страна на турските војски спомената во членот 8.

Член 10

Сите меѓународни договори, конвенции и аранжмани од каква било природа склучени или што ќе се склучат од Портата со странските сили, ќе се воведат во овие четири провинции на ист начин како во Отоманската империја.

Сите имунитети и привилегии од каква било природа, што се стекнати за странците, ќе се респектираат во овие провинции.

Член 11

Сите права и облигации на Високата Порта што се однесуваат до железниците ќе бидат стриктно зачувани.

Член 12

Четирите провинции ќе преземат еден дел од јавниот отомански долг, и ќе го приложат за Цивилната листа на Неговото Царско Величество Султанот и за Царската војска и за буџетот на флотата. За ова ќе реши Комисијата во согласност со Портата, и врз еднаква база ќе се означи сумата за придонес. (L’Autonomie 1 (10 Мај 1902), 1 – 2; Further Correspondence respecting the Affairs of South, Eastern Europe March –September 1903. Turkey. No 1 (1904). 1904, р. 309-310).

На 10 мај 1902 го­ди­на из­ле­гол пр­ви­от број на ор­га­нот „Л’ Ау­то­но­мие“, од кој из­лег­ле пет бро­ја. Вес­ни­кот из­ле­гу­вал два­па­ти ме­сеч­но, со мо­то Ма­ке­до­ни­ја на Ма­ке­дон­ци­те, Ал­ба­ни­ја на Ал­бан­ци­те. Спо­ред про­гра­ма­та „На­ша­та цел, на­ши­те идеи се до­би­ва­ње авто­но­ми­ја на Ал­ба­ни­ја и на Ма­ке­до­ни­ја и фор­ми­ра­ње ца­рин­ска уни­ја на си­те со­сед­ни ма­ли зем­ји Цр­на Го­ра, Ср­би­ја, Бу­га­ри­ја и Гр­ци­ја. Си­те овие зем­ји има­ат по­тре­ба од нас и ние од нив. Таа ца­рин­ска уни­ја, ко­ја би мо­же­ла да се ви­ка Бал­кан­ска кон­фе­де­ра­ци­ја, ќе им да­де на Ср­би­ја и на Бу­га­ри­ја при­стап на мо­ре, на Гр­ци­ја бо­га­ти­те рам­ни­ни на Ма­ке­до­ни­ја. И ме­сто Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја да би­дат по­сто­ја­но жа­ри­ште на не­при­ја­телс­тва би мо­же­ле да ста­нат из­вор на бо­гат­ство, на бо­га­та еко­но­ми­ја на со­сед­ни­те зем­ји“.

Но наместо македонско-албанските односи да се негуваат за да донесат мир, стабилност и економски развој за двата народа,  некој во последните две децениии постојано ги потикнува Албанците во Македонија со што се загрозува иднината не само на двата народа туку и на целиот Блкан и пошироко.

(извор: „Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и за нацинална држава“, том први, Скопје 1981, стр. 355 – 359)

Крај

Македонска нација

Најново од: На прво место

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

Ај ред се редат мале секојдневни црни сценарија на СДС

На „Ајде, ред се редат, мале“ човек прво ќе се сети на кочанските сејмени. По прес-конференциите на СДС, песната си доби и нов рефрен. Ајде, ред се редат мале, црните сценарија на СДС. Во СДС постојано предупредуваат дека буџетот е празен, празен ден во календарот за прес-конференции, пак тешко се наоѓа. Еднаш економијата е пред […]

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

To top