На прво место

Јас на 27-ти април бев со народот, со луѓето кои протестираа осумдесетина дена

d

dГледам дека ја интересира власта каде сум бил на 27-ти април 2017 година. Иако и фотографиите кои ги објавија не кажуваат ништо повеќе од она што јас веќе претходно го соопштив за моето движење тој ден, само овој пат направија додадена мистерија и заокружени црвени кругови, сепак еве ќе повторам и директно одговорам.

Јас на 27-ти април бев со народот, со луѓето кои протестираа осумдесетина дена претходно и кои со право беа загрижени за иднината на нашата Македонија. И доколку денес не ви беа црвените кругови кои ги заокружувате, доколку не ви беа полициските акции со кои се фалите, ќе немаше “колективна забава” во која само вие верувате, и веројатно уште посоголена, уште повидлива ќе беше неспособноста во која се давите.

Јас ќе порачам две работи, за да нема недоумица и да се знае:

прво, вие не можете толку да украдете и да срушите колку што ние можеме да изградиме и реализираме, таа битка ви е однапред загубена. ВМРО-ДПМНЕ на секоја ваша неправда, на секој ваш удар, станува посилен, постабилен, поголем.

Второ, следниот пат кога ќе има собир на народ, незадоволници од оваа влада, за да не се трудите да одбегнувате тужби, па морате да поставувате прашања, за да не заокружувате и објаснувате на чија страна ќе бидам, уште сега да знаете, за да остане запишано, јас ќе бидам повторно на страната на народот, а вашиот пад нема да го сокрие срамот кој ќе го носите уште долго по вашето заминување од власта. Затоа што власта не е се во животот, потребен е образ, достоинство и човечка доблест во кои јас искрено верувам.

Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top