На прво место

„Речникот од три јазика – Треба да имајед цар и управљеније царско!“

Trijazicnik

Trijazicnik

„Народ се вељид људи који се од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.“ – пишува Ѓорѓи Пулевски во својот „Речникот од три јазика” од 1875 година.

Во XIX век, во време кога се формираат нациитеи кога популарноста на Александар Македонски е огромна на Балканот, интересно е што никој од балканските земји не се поистоветуваа со Македонците. Со името на еден од најславните антички народи, кој прв имал своја држава,  не се поистоветуваат и не се нарекуваат ни Бугарите, ни Србите, ни Албанците, ниту пак Грците. Тие во ова време во голема мера ги употребуваат своите национални имиња.

Единствено кои го прифатија и го користат името прославеното македонско име беа Славјаните кои живееле на територијата на Македонија. Тие, многу порано и од појавата на романите за Александар, го сметале него и Филип за свои владатели. За тоа ни говори и баронот Тот, кој кон крајот на  XVIII век раководел со работите на источната страна на Дарданелите и кој една недела слушал во крчмата некои работници Македонци, кои работат на истото градилише, како пеат песна за Александар Македонски.

Мора да се напомене дека основа за теоријата дека македонските и воопшто балканските Славјани уште од антички времиња го населувале Балканскиот Полуостров ја дал Херодот кој во својата „Историја“, том I, покрај другите антички народи на овој простор ги наведува уште и Хенетите, Венетите и Вендите. Тоа се стари имиња за Славјаните. Оттука, многумина историчари веруваат дека не само старите Тракијци, туку и античките Македонци биле Славјани, а со тоа Филип и Александар Македонски.

Многумина историчари, повикувајќи се на Херодот, прататковината на Славјаните ја бараат на Балканскиот Полуостров. Во тој контекст, интересна е забелешката на чешкиот историчар и универзитетски професор Константин Јиричек (Виена, 24. VII 1854 – Виена, 10. I 1918), кој својот живот го посветил на изучување на малку познатата историја на балканските држави и народи. Тој во својата „Историја Срба“ (Белград, 1952 г., стр. 105) пишува дека руските, полските и чеките хроничари меѓу 1000 и 1500 година од нашата ера, ја барале прататковината на Славјаните не во Русија, туку на југ, на Дунав и во Балканските земји.         

Во XIX век, прифаќајќи го како свој славјански предок, романите за Александар Македонски станува многу популарни меѓу Славјаните на Балканот. Тие биле буквално распродадени. Многу печатени книги за Александар Македонски биле присутни и во Македонија. Тоа може да се види и од претплатниците на одделни изданија. Така само за изданието на книгата „Историја на великиот Александар Македонец“ од Христо Протопоповиќ објавена во Белград во 1844 година, само од Македонија имало 21 претплатник, покрај претплатниците од Србија.

Македонскиот револуционер и автор на повеќе трудови Ѓорѓи Пулевски (1838-1894/95?) јасно и најопределено во своите дела објавува за свеста на македонскиот народ за своето потекло. Тој во своите дела говори за историјата на својот македонски народ, за потребата да се создаде македонски литературен јазик и за потребата на Македонците повторно “да имајед цар и управљеније царско“.

Пулевски е автор на „Славјанскомакедонска општа историја”, како и на „Речникот од три јазика” од 1875 година кој претставува разговорник на македонски, албански и турски јазик. (Речник од три језика. С македонски, арбански и турски. Књига II. Написао Ѓорѓе М. Пуљевски. У Београд, 1875, стр. 40, 49.)

Овде ќе презентираме изводи од оргиналот, во кој е поправена интерпункцијата, разврзани се заедно отпечатените одделни зборови и се поправени очевидните печатни грешки. Во овој извод во кој се испуштени албанската и турската паралела, авторот шишува:

„ С македонски

Пи.

А славјанскијод јазик аљи је секаде еднаков, иљи не, кажи ми со ред?

Од.

Славјанскијод јазик имад пет разљики.

Пи.

Који се тије разљики, кажи ми со ред?

Од.

Тије се руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македонски.

Пи.

Који јазици се наљик еден со другијод од напред речените?

Од.

Рускијод и бугарскијод наибљизу се.

А хрватскиод и бошњјачијод и македонскиод наибљизу се.

Пи.

А македонскијод јазик, кога је бљизу со бошњачкијод, зашто се именувад с. македонски? – Дека с македонскијод јазик је најсроден со церквенославјанските књиги, и тои је старославјенски.

II.

Одг.

Народ се вељид људи који се од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ.

Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.

Пи.

Што требувад за да се управувад и да се крепид еден народ.2

Од.

Треба да имајед цар и управљеније царско.“

Овие дела каде Ѓорѓи Пулевски отворено се говори дека Македонците се народ и дека нивното место е Македонија, не му одговораа ниту на балканските народи, ниту на светските сили.   Поради своите аспирации кон македонската територија, делата на Ѓорѓи Пулевски биле премолчувани од балканските националисти, како што се премолчувала и македонската историја.

(извор: Д. Ташковски, „Раѓање на Македонската нација“, Скопје 1966, стр175 – 180; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, Скопје, 1981, стр.270 – 271 )

Македонска нација

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top