На прво место

МААК ги повикува сите политички партии во Р.Македонија, да престанат да дуваат во воените труби

Следејќи го внимателно се позасиленото вооружување на нашите соседи,донацијата од 300 тенкови од страна на НАТО за својата земја членка,Албанија,кои треба да завршат како сопственост на армијата во формирање на Косово,од една страна и,донациите и набавката на воени авиони и хеликоптери,кои ги реализира Република Србија,од друга страна,за МААК е повеќе од јасно дека забрзано се оди кон конечна разврска на косовското прашање. Имено, под маса се веќе ставени двете опции – северниот дел на Косово да се припои кон Република Србија, или да биде етнички исчистено од преостанатите Срби,па Косово да стане етнички чиста албанска држава. Ваквите опции многу скоро може да доведат до војна со крвави,несогледливи последици. Војна, пак, која своето продолжение, исто како и пред 17 години, со прелевање на вооружени сили од Косово, ќе го има во Република Македонија.

Токму затоа, за МААК, се позасилените про и анти НАТО и про и анти руски пропаганди, не значат определба за евроатлантски или евроазиски интеграции,а најмалку значат определба за македонските национални и државни интереси. И едните и другите,во својата суштина се длабоко антимакедонски и, единствено значат определба за Србија или за Косово. Токму таквите пропаганди треба да отворат пат за “фрлање” на Република Македонија на линијата на огнот и прелевање на воените дејствија од Косово во Македонија, заради нејзина поделба,што ќе биде вовед во нова балканска војна.
МААК јасно и укажува на целокупната македонска јавност, но и на политичките партии во РМ дека заземањето страна во однос на НАТО и Руската Федерација во овој момент, значи заземање страна во се поизвесниот српско – косовски конфликт,со катастрофални последици за Република Македонија.
МААК го повикува претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов, да испрати најитно барање до земјите постојани членки на Советот за безбедност при ООН, за доделување статус на меѓународноправна неутралност на РМ, со гаранции и покровителство токму на Советот за безбедност, како единствен начин да се спречи новата балканска војна која е на повидок.
Конечно, МААК ги повикува сите политички партии и поединци во Република Македонија, да престанат да дуваат во воените труби,заземајќи страна за и против,зашто заземаат страна за туѓи интереси, бидејќи без разлика на која страна ќе се определиме,во евентуален воен конфликт,жртви ќе бидат нашите деца.

Национален комитет на МААК

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top