На прво место

Дојде до таму работата Заев да дели лекции за економија

Mickoski

29103267 931330560375737 1366669689201432165 nХристијан Мицкоски

Откако премиерот на Република Македонија, во интервју за „Миа“ кажа дека може да му дели лекции на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по економија. На Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Го прочитав господинот Заев.
Со денови не одговораше на она што суштински го загрижува граѓанинот, а тоа е катастрофалната економија и откако мислеле што да кажат, прочитав и си велам не е можно ова да е неговиот одговор. Но да, со Заев и тоа е можно.
Дојде до таму работата Заев да дели лекции за економија, но не разбира дека рибата не само што мириса од главата, или опашката како што милува Заев да каже, туку мириса цела.

Господине Заев бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на “Ваанто, Сашeто и она зад Мирчо Свињарнико” неспособност, не знаење и владеење со страв, сега јас како професор со повеќегодишно искуство да Ви ја кажам мојата, онаа вистинска, која ја споделува целата јавност… економијата тоне, а народот е осиромашен.

1. За само 2ипол месеци едно просечно семејство е задолжено од Владата за 1200 евра. Од тие пари со кој се задолживте наместо инвестиција во капитални проекти, седат околу 300 милиони евра неискористени во НБРМ како депозит со нула проценти камата, а државата плаќа камата за истите кон кредиторите од кои ги позајмиле. Тоа ги чини граѓаните околу 1.5 милиони евра. Значи се плаќа камата, парите не се вртат, буџетот се оштетува.
2. Капиталите инвестиции речиси ги нема, единствените се оние кои ги направи минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период 1 милијарда денари е реализацијата за капитални расходи или некаде околу 16 милиони евра. Лани во услови на политичка криза имаме речиси три пати повеќе или 2.8 милијарди денари.
3. И еве уште еден нов податок од економијата, од истите оние податоци кој што вие господине Заев ги добивате на маса во владата секој ден, но не ги кажувате во јавност… Граѓаните во првото тромесечие потрошиле во вкупен обем 45 милиони евра помалку споредено со лани година која беше година на најголемата политичка криза. Ако економијата одела напред, ако се било добро како што лажно се фалите, зошто народот помалку троши. Еве јас ќе ви кажам, народот нема пари, а нема затоа што владата е неспособна да создаде услови за развој.
4. Барем да имавте автентнични проекти во овие 10 месеци, но такви нема. Кога говорите за паркот во Богданци господине Заев, не заборавајте дека јас го водев ЕЛЕМ, истиот оној кој ви го оставив без долгови, со каса полна и депозите во домашните банки од 1.5 милијарди денари и ја комплетирав првата фаза од изградбата на ветерници, а за втората со која денес се фалите целата административна и логистичка поддршка јас ја завршив. Што се однесува до инвестициите, не е убаво да се игра на картата на кратко помнење, иако со сила од Владата се прават дека не знаат, но народот памети. Па доволно е ако ништо друго да отворите Google и ќе видите дека Лимак е во Македонија уште пред неколку години, измените на урбанистичките планови за градежната парцела на Скопски Саем се направени од минатиот градоначалник на Гази Баба…и уште редици други инвестиции. Салдото за странски инвестиции е помало за 100 милиони евра споредено со минатата година.
5. Господине Заев говорите за укинување на радиодифузната такса и евтината струја, а не говорите што истите пари и многу повеќе ги одземавте од граѓаните со покачување на акцизите за горива. А да не зборам за грабежот кој се спрема со повисоките даноци кој ги најавувате и повисоката струја за граѓаните, што ќе значи дека граѓаните ќе ја платат неспособноста на владата од својот џеб…

И вака можам до 1001 и наназад, вклучително да говориме и за криминалните афери на оваа влада, за што има точни иформации.

Да сублимирам, гледам дека господине Заев сакате да делите лекции во раните утрински часови и тоа во период на најголемиот Христијански празник, јас рано утрово ќе се причестам како што доликува на еден верник, а Вам, на вашето семејство и на сите граѓани на нашата мила мајка Македонија кои го слават овој голем христијански празник сакам да им посакам пред се, здравје, среќа и радости. Доаѓа многу скоро денот кога народот ќе даде одговор на вашите лекции и конечно ќе ги испрати тразиционите политичари во историјата.

Христос воскресе, навистина воскресе!

Најново од: На прво место

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

To top