На прво место

ДВА ЈАЗИЧНИ АРШИНА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

EU-SIGNS

EU-SIGNS

Повод за моето јавување од универзитетскиот град Гвиелф, во Онтарио, Канада е текстот под наслов „Во Летонија, две спротивставени јазични страни“ од коментаторот Гвин Даер, објавен во весникот „Гвиелф Мркури Трибјун“. Имено, во текстот со поднаслов „Руското говорно малцинство во Летонија претставува комплексен предизвик за владата која се залага за единство“, меѓу другото се вели.

Во светот постојат многу земји кои имам еден или повеќе официјални јазици. Така, Канада има (2), Белгија (3), Швајцарија (4), Јужна Африка (11), Индија (23) и тн. Сите тие земји имаат проблеми да ги избалансираат барањата на различните јазични групи. Но, Летонија има само еден официјален јазик и има многу поголеми проблеми од споменатите земји.

„Нема потреба за втор јазик. Кој тоа го сака може да го употребува својот јазик дома или во училиште“, рекол претседателот на Летонија Андрис Берзинс во 2012 година, кога имало референдум за да се официјализира рускиот јазик како втор јазик во таа земја. Уште полошо, неговиот заменик, претседателот Реимонц Вејонис, во понеделникот потпишал дектер во кој се официјализира дека  рускиот јазик нема повеќе да се употребува во основните училишта.

Дури и во средните училишта учениците кои зборуваат руски, ќе учат само на летонски сеʼ до 2021 година. Притоа претседателот Вејонис рекол „Со тоа општеството ќе биде многу повеќе кохезивно, а државата појака“.

Во текстот во продолжение е дадено дека Летонија кога ја доби својата независност во 1991 година, според официјалните податоци имала 42% руско малцинство, а потоа се дадени голем број историските прилики и неприлики, бројни податоци, аргументи и вистини, карактеристични за  руското малцинство од тој дел на Европската Унија која има два јазични аршина.

Славе Катин,
публицист

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top