На прво место

ДЕМОНСТРАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА (11)

demonstracii11

Киро Кипроски

Решение нема – преговорите продолжуваат

demonstracii11

Македонците протестираат во Луксембург, 1992 година  

Колегата Поповски испрати уште два текста за расправата за Македонија на министерскиот состанок на која министрите без дискусија ја прифатиле информацијата на претседавачот Пињеиро дека за проблемот засега нема решение и дека преговорите мора да продолжат. Во текстот „Решение нема – преговорите продолжуваат“ („Нова Македонија“, 16 јуни 1992 г) меѓу другото пишува: „Со решение какво што во круговите на Европската заедница последниве денови не (се) очекуваше, европските министри, како и повеќепати досега, во неможност да најдат излез од македонско-грчкиот спор, денеска во Луксембург уште еднаш го одложија признавањето на Македонија. По вчерашните попладневни разговори на претседателот на министерскиот совет Жоао де Пињеиро со министерот за односи со странство Денко Малевски и двете синоќешни рунди преговори со грчкиот премиер Константин Мицотакис, набљудувачите овде очекуваа дека македонското прашање денеска конечно ќе биде симнато од дневниот ред на заедницата. Но тоа, како по обичај, не се случи. Спротивно на досегашниот обичај и на вчерашните изјави, расправата за Македонија не се одржа во терминот за таканаречената политичка кооперација за време на ручекот, туку министрите својот денешен состанок, поради обврските на Мицотакис во Грција, го почнаа токму со информацијата на португалскиот претседавач за ќор-сокакот во кој е навлезено признавањето на Македонија. Според брифинзите на претставниците на повеќето делегации и според ова што Пињеиро го кажа на пладневната конференција за печатот посветена на Македонија, министрите само ја ислушале информацијата и го овластиле да ги продолжи и натаму преговорите сѐ додека не се најде решение. Одговарајќи на прашањето на англиските известувачи зашто ЕЗ не успеа уште еднаш да ѝ го даде на Македонија ветеното признавање, Пињеиро рече: „Го известив советот дека консултациите што ги имав последниве денови не ја отворија вратата и затоа имам намера да продолжам со контактите. Во министерскиот совет немаше дискусија по моето излагање. Верувам дека моите колеги ми веруваат дека е потребно уште некое време за да се испитаат некои идеи што се појавија последниве денови“.

Одлуката оставена за Лисабон
    
Во текстот „Одлуката оставена за Лисабон“ („Нова Македонија“, 17 јуни 1992 г.), колегата Љупчо Поповски информира за причините за одложувањето на донесувањето одлука за признавање на Република Македонија. „Поради скриените надежи, навестените позитивни сигнали од повеќе европски престолнини, очајничките грчки обиди уште еднаш да биде запрена одлуката на Европската заедница за Македонија, се чинеше дека на вчерашниот состанок на европските министри конечно ќе биде признаена независноста на нашата Република. Одлуката на министерскиот совет на ЕЗ уште еднаш да го одложи признавањето на Македонија, по кратка расправа на самиот почеток на вчерашниот состанок, и покрај тоа што во нашата јавност го зацврсти разочарувањето во моралниот кредибилитет на заедницата, барем што се однесува до настаните што се случуваа последниве денови, има некоја своја логика.

Изјавите на повеќе министри и претставници за печатот на нивните министерства, како и извештаите во важните европски весници, зборуваат дека македонско-грчкиот спор е во фазата на конечно надминување, со многу сигнали дека решение за него мошне веројатно ќе се најде на самитот на ЕЗ што ќе се одржи на 26 и 27 јуни во Лисабон. Тоа не е само поради изјавата на портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Аврамополос, кој вчера на новинарите сигурно им тврдеше ’одлуката ќе биде донесена на самитот’, туку и поради најавите на португалското претседателство дека во наредните денови политичките директори на министерствата ќе одржат состаноци на кои ќе се подготвува лисабонскиот самит и ќе се бара решение за македонското прашање, како и ставот на Пињеиро веднаш да продолжат консултациите меѓу двете страни.
Британскиот министер за надворешни работи Даглас Херд ги потврди зголемените напори да се даде одговор за македонското прашање (во голема мера поради цврстата желба на Лондон да не го преземе од 1 јули своето претседателствување и со овој проблем на вратот) велејќи: ’Постои голема активност околу Македонија, но сѐ уште не би можел да кажам кога ќе донесат прогрес овие обиди’“.

Министрите на ЕЗ уште еднаш паднаа на испит
    
Во нашиот весник на 17 јуни 1992 година беше објавен текстот на Фанија Клајн, од Бон, „Министрите на ЕЗ уште еднаш паднаа на испитот“, која прави осврт на коментарите на медиумите за неуспешниот министерски состанок во Луксембург, кога признавањето на Македонија беше одложено.

„Приватната ТВ-станица САТ 1, која е мошне гледана, во главните вечерни вести соопшти дека главна тема на средбата на министрите во Луксембург било признавањето на Македонија, но дека грчкиот министер Мицотакис успеал уште еднаш да се наметне со својот став за ’промена на името’ и дека германскиот министер за надворешни работи Кинкел не зазел никаков став околу ова прашање.

И германскиот дневен печат денеска се осврнува на македонското (не)признавање. Во информацијата на ’Ди велт’, покрај другото, се вели дека напорите на португалскиот министер за решавање на спорот околу признавањето на Македонија повторно паднаа во вода. Грчкиот премиер и министер за надворешни работи, се вели, повторно се заложил за непризнавање на Македонија и за нејзина промена на името.

Во извештајот на ’Браунсчевентер цајтунт’ се вели дека на вчерашниот состанок во Луксембург министрите во Европската заедница уште еднаш паднаа на испит – Тие не успеаја да го отфрлат ветото на Грција за признавањето на Македонија, па затоа идната недела во Лисабон ќе се дискутира уште еднаш на оваа тема. Македонија, пишува весникот, ги исполнува сите услови што ги постави Европската заедница за нејзиното признавање. Грција, меѓутоа, е апсолутно против името, затоа што, според неа, со тоа име Македонија би имала територијални претензии во северна Грција, која го носи истото име.

Поширок извештај околу (не)признавањето на Македонија имаше во ’Франкфуртер алгемајне’, во кој, покрај другото, се вели дека во Луксембург, во кој заседаваа дваесетмина, околу 1.500 демонстранти протестираа и бараа признавање на Република Македонија, а грчкиот премиер Мицотакис ги замолил партнерите за повторно одложување. Тој нагласи дека раководството во Атина уште еднаш ќе дискутира на оваа тема и дека ќе се потруди да најде компромис за името Македонија. Мнозинството министри, иако веќе неколку месеци беспомошно се борат со овој спор, сепак го прифатија неговото барање. Во извештајот се вели дека министерот за надворешни работи на Германија, Кинкел, напразно се обидел да го наговори Мицотакис за ’една нова идеја’ во решавањето на овој конфликт. Грчкиот министер, меѓутоа, предложил оваа тема да се одложи за состанокот во Лисабон, на кој Грција ќе истапи со ’конкретни предлози’. На сето ова мнозинството партнери во Европската заедница стануваат сѐ поскептични.

(Продолжува)

demonstracii11-2

Со срце за Македонија

На крајот на 1989 година граѓаните на Европа со будно око ги следеа настаните што беа предизвикани со уривањето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на двете Германии, букурешките настани и другите случувања во Источниот блок на Европа. Македонците, пак, внимателно ги следеа случувањата, односно несогласувањата во партискиот и државниот врв на заедничката југословенска федеративна држава (СФРЈ). Настаните го најавуваа крајот на 45-годишното опстојување на федерацијата, се насетуваше распадот. Македонците, пак, тука ја гледаа шансата да ги остварат вековните желби и идеали на многу генерации пред нив, Македонија да стане самостојна, суверена и независна држава. Но за да ја искористат шансата со распадот на СФРЈ, потребни беа и големи активности на македонските здруженија, партии во дијаспората и во Македонија. Македонските патриоти тајно беа убедени дека брзо ќе дојде денот кога ќе чукне часот и за Македонија, која со столетија беше напатена, окупирана, ограбувана, палена, парчосувана, делена…, конечно да го добие заслуженото, да стане самостојна и суверена држава, а Македонците и граѓаните „да бидат свои на своето!“

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top