На прво место

Време е да прекинат преговорите за „името“ со Атина

dzems-petifer

dzems-petifer

Од професор Џејмс Петифер – лично гледиште

Во својот говор од 15-ти април, 2018 година, како што пишува атинскиот весник „Катимерини“, Генералниот секретар на НАТО, Џенс Столтенберг, ги повика Грција и Турција да ги подобрат меѓусебните односи, и изјави дека нивните моментални проблеми, кои доведоа до воена жртва минатата недела не се проблем на НАТО. На прв поглед, ова е разумно гледиште од истакната меѓународна личност, гледиште кое треба да се почитува. Но ова гледиште нужно ќе го предизвика прашањето „за што, всушност, служи НАТО?“, кога две членки на НАТО во регионот на источниот Медитеран можеби се приближуваат кон поширок конфликт, според многумина набљудувачи. Во овој контекст, несреќните Министри за надворешни работи на Македонија и Грција го продолжуваат процесот на исценирани состаноци, на кои единствена агенда е серија можни опции за името, од кои повеќето се во оптек барем десет години, и кои се навредливи за поголем дел од жителите на двете земји.

Да беа тензиите помали во регионот, можеби ова и немаше да биде толку битно. Дипломатите се тие кои се задолжени за разговори во меѓународниот свет и ним им е потребно нешто за што ќе разговараат. Но прашањето за името не е тоа во моментов. Поврзаноста со можно членство во НАТО се претставува како лек за сите болести на македонската јавност, а секој со детално познавање на ситуацијата на теренот знае дека тоа не е точно. Земјата е блиска со НАТО многу години. Лично се сеќавам на интервју со поранешниот Претседател Киро Глигоров во 1994 година кога се развиваше кризата со Косово, во кое го прашав кој е неговиот план ако кризата се влоши и започне наплив од бегалци во таа идна криза. Тој одговори дека на крајот Македонија не би имала многу опции освен да соработува со НАТО, што и се случи, на голема чест на народот, со отворање на огромни кампови на места како Чегране за оние кои бегаа од војната.

Во пост-конфликтниот период, земјата исто така имаше добри односи со НАТО, особено преку праќање на пешадија во меѓународните коалиции. Затоа, НАТО нема некоја основа за поплаки во однос на македонскиот придонес кон војната против тероризмот и меѓународната безбедност. Ваквите политики секако можат да продолжат под која било идна македонска влада ако така сака народот. Големиот притисок кој се употребува кон елитата на Македонија да го смени името за да се обезбеди полноправно членство во ЕУ и НАТО е не само морално бесправен, туку и дестабилизирачки во поглед на регионалните односи.

Позадината на притисокот од ЕУ и НАТО е непријатна и на други начини. Двете земји се третираат како адолесценти од страна на „возрасните“ членки на ЕУ и НАТО, а вистината е дека и двете земји тивко сториле доста на билатерален план за подобрување на односите. Луѓето од Република Македонија патуваат на одмор во Грција и работат без проблеми, луѓето од Грција посетуваат места како Охрид, убаво си поминуваат и се добредојдени. Сепак, постојат сериозни прашања за човековите права, како што се употребата на македонскиот јазик и културната политика во северна Грција, и тие треба да се решат. Познато е дека Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолерација, како и самите Обединети нации, во повеќе наврати бараа Грција (и Бугарија) итно да го признаат своето големо македонско малцинство – како Македонци – и да престанат да ги прогонуваат. Основното признавање на основните човекови права на една етничка група е очигледен начин да се подобрат меѓусебните односи, а не да се влошат, како што тврдат Грција и Бугарија.

Почнав да патувам и да студирам во Македонија и регионот пред повеќе од триесет години, откако првпат го посетив Скопје во 1968 како студент на Оксфорд, со цел да помогнам при реконструкцијата по земјотресот. Се сеќавам на паднатите цркви и минариња по улиците кои лежеа во купишта шут како да беше вчера.

Низ годините, владите во Македонија сторија многу со што можат да се гордеат, а многу скорешни достигнувања се заборавија од страна на меѓународните Западни дипломати постојано обземени со сплеткарење и од страна на нивните гласноговорици. На пример, владата на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ многу подобро се справи со меѓународната банкарска криза од Грција, со разумна политика која секако негативно се одрази на стандардот на живеење, но која донесе и стабилност. Силна централна влада беше неопходна за ова. Овој факт воопшто не постои во сегашниот дискурс. Има и други неправди. Притисокот од Берлин да се прифатат илјадници економски мигранти е особено неправичен со оглед на тоа дека токму германската политика е таа која ја предизвика кризата.

Како треба да се прекинат преговорите? Македонската влада и повеќе од доволно слуша од не-Македонци што треба да се прави, особено од меѓународни фигури чија вистинска лојалност можеби лежи на друга страна. Нерадо коментирам, но ми се чини дека најдобро би било, како суверена и слободна држава, Македонија да ги прекине преговорите за името зашто не постои добро време да се реши прашање во кое една земја или етничка група не го признава правото на постоење на друга земја. Ова е поентата на кампањата на Македонското меѓународно движење за човекови права „Нашето име е Македонија“.

Наместо тоа, Македонија и Грција можат да го продолжат постепениот процес на подобрување на меѓународните односи случај по случај. Исто така, по мое мислење, со оглед на несреќната историја на странско мешање во Македонија, централниот фактор во сегашната криза, владата не би требала да одолговлечува во прогласување персона нон грата и одземање на дипломатски и други визи на лица за кои ќе се покаже дека дејствувале спротивно на интересите на земјата. Ако има лица во високите ешалони на сегашната влада кои спаѓаат во оваа категорија, тогаш тоа е прашање за македонскиот народ а за на странците, како ќе дејствуваат.

Професорот Џејмс Петифер е автор на единаесет книги за балканот по Отоманската империја и предава на Универзитетот Оксфорд, Велика Британија

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top