На прво место

ДЕМОНСТРАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПА (12)

demonstracii-geteborg

Киро Кипроски

Во Гетеборг беа одржани  дури 17 демонстрации!

demonstracii-geteborg
Си имаме вековно име Македонија и по никоја цена нема да го смениме, категорични се Македонците во Шведска

Македонците што живеат и работат во шведскиот град Гетеборг беа рекордери по бројот на одржаните мирни демонстрации за признавање на Република Македонија од меѓународната заедница со уставно име. Во центарот на Гетеборг, четири месеци, секоја сабота, на две локации и во исто време, се одржуваше мирна демонстрација. За овој период беа одржани дури 17 демонстрации, првата на 25 јануари 1992 година, а последната на 16 маj. Десетмина Македонци со голема љубов деноноќно работеа за успешно да се организира првата демонстрација. Во шведската полиција беше уредно пријавена демонстрацијата и беше добиена дозвола.

Првата протестна демонстрација се одржа пред грчкиот конзулат во Гетеборг, каде што демонстрантите го изразија огромното незадоволство, бидејќи Грција, како членка на Европската заедница, стави вето за признавањето на Македонија. Пред споменикот на кралот Густав, во Брусперикен, центарот на Гетеборг, започна демонстрацијата, од каде што над 600 македонски демонстранти се упатија кон грчкиот конзулат. Македонците се движеа со развиорени македонски знамиња, со подигнати пароли и со постојани извици: „Македонија… Македонија… Македонија…“, со што и на овие простори се слушна македонскиот глас. Кога демонстрантите пристигнаа пред грчкиот конзулат, извикувањата станаа пожестоки, а потоа беше испеана македонската химна „Денес над Македонија“. Потоа учителите Најдо Ѓорѓиевски и Благоја Јаневски и ученичката Даниела Чороловска ги прочитаа протестните писма, со работни наслови: „Грција да го крене ветото“; „На Македонија не ѝ е потребен кум“; „Си имаме вековно име Македонија и по никоја цена нема да го смениме“. Присутните со бурни аплаузи ги поддржаа протестните писма со барањата. Со тоа заврши првата мирна демонстрација, која беше успешно организирана и мина без инцидент. Полициското обезбедување им се заблагодари на организаторите за одличната организација, со коментар дека секогаш кога ќе посакаат можат да организираат демонстрација.  
 
На 1 февруари беше одржана втората демонстрација, по истото сценарио. Пред грчкиот конзулат беше прочитано протестно писмо и беше предадено во архивата на грчкиот конзулат. На крајот на демонстрацијата учесниците се договорија со два автобуса, на 3 февруари, да заминат во Брисел, за да учествуваат на големата, најмасовна македонска демонстрација пред главното седиште на Европската заедница. По дваесетчасовно патување пристигнаа на демонстрацијата и заедно со другите Македонци, речиси од цела Западна Европа, го кренаа гласот и силно протестираа Македонија да биде меѓународно признаена.

По враќањето од Брисел, на 8 февруари во Гетеборг беше одржана третата демонстрација, по истото сценарио како на првите две.

Македонските гетеборчани мошне беа активни во демонстрирање за признавање на Македонија од меѓународната заедница. На 15 февруари 1992 година учествуваа на демонстрацијата што се одржа во главниот град на Шведска, Стокхолм, пред Владата и парламентот, како и пред Амбасадата на Грција.

Целта на оваа заедничка демонстрација на Македонците што живеат во Шведска беше со масовно учество да се изврши силен притисок врз тамошната влада и да се побара признавање на Република Македонија. Грците во исто време одржаа контрапротест, но благодарение на брзата интервенција на полицијата, не дојде до судир на двете групи демонстранти.

Македонците од Гетеборг не мируваат. Постојано одржуваат демонстрации и го креваат својот глас за Македонија, за неправдите што ѝ се прават од меѓународната заедница. На 22 февруари 1992 година беше одржана петтата демонстрација за признавање на Македонија.

Томе Велјановски, македонски патриот, учесник и организатор на демонстрациите во Гетеборг, во дневникот што ми го даде, прецизно ги имаше забележано одржувањето на сите демонстрации и другите активности на Македонците. За петтата демонстрација напиша: „И овој саботен ден, 22 февруари 1992 година, Македонците беа собрани на постојаното место, во Бруспаркен во Гетеборг. Меѓутоа, на изненадување на повеќето демонстранти, старата локација беше заменета со нова. Промената беше извршена од шведската полиција, бидејќи повеќе од четири пати по ред на исто место не може да се демонстрира. Нова локација и за наредните три беше пред фонтаната, на спротивната страна од старата локација.

Патот е долг, тежок и неизвесен

На Македонците во Гетеборг им беше јасно дека патот што треба да се изоди и Македонија да биде меѓународна признаена е тежок и неизвесен, но тоа не ги деморализира. Напротив, им даваше уште поголема енергија и сила да истраат во настојувањата. Продолжуваат секоја сабота да се собираат, да го креваат својот глас за својата мила мајка Македонија. Белег на шестата демонстрација беше што шведските медиуми и жители првпат почнаа да се интересираат. Во најтиражниот дневен весник во Гетеборг, „Гетеборг пост“, беше објавен опширен извештај од демонстрацијата, илустриран со фотографија. Исто така, првпат поддршка на демонстрантите им дадоа и стотина Босанци.

Додека траеше седмата македонска демонстрација, одржана на 7 март 1992 година, од спротивната страна стотина Грци организираа контрапротест. Македонците беа громогласни и беше задушен гласот на Грците. Организаторот на македонската демонстрација од Констадин Коки Попов, Македонец од Егејска Македонија, беше информиран дека демонстрантите не се Грци туку Маџири, доселени од Мала Азија на имотите на Македонците, кои на овој начин ги бранат украдените имоти.

Од громогласното скандирање на Македонците со извиците „Македонија… Македонија“ се тресеше Бруспаркен, а случајните минувачи со аплаузи го одобруваа скандирањето и ја поддржуваа демонстрацијата. Иако првиот ден на пролетта, 21 март, времето беше студено и врнежливо, тоа не беше пречка Македонците масовно да учествуваат на деветтата демонстрација.

Менка Арсова прочита реферат посветен на македонската историја, од постанокот на Македонија, преку Александар Македонски до денес, на македонски и шведски јазик. Благоја Јолевски прочита сатиричен текст посветен на Грците. Неговата сопруга родена во Лерум, Шведска, истакна дека не добила виза за Грција бидејќи грчките цариници не знаеле да направат разлика меѓу нивниот Лерин и Лерум.

На јубилејната десетта по ред демонстрација (на 28 март 1992 година сабота) учествуваа и Швеѓани, кои јавно го поддржаа барањето Македонија да биде признаена. Застанаа рамо до рамо со Македонците и во рацете држеа транспаренти со поддршка напишани на шведски јазик. Притоа беа претставени двете шведски групи: на Шведската социјалдемократска младинска партија и на Народната партија. Магнус Магнус, претставничка на регионот Фостра Фролунда во Гетеборг, во своето обраќање меѓу другото истакна: „Грчката политика е лажна, ние стоиме на страната на македонскиот народ и го поддржуваме во настојувањето неговата татковина Македонија да биде признаена држава од ЕЗ“. Пред членовите на партијата стоеше голем транспарент на кој пишуваше: „Грчка мачкана историја“.

Петер Сушкин Коол од Народната партија рече: „По потекло сум од Холандија и верувам во секој народ што се бори за своето право, ќе го добие, кога и да е! Белгија и Луксембург долго време се бореле за своите права од силната Франција, која не сакала ни да слушне, но ги добија. Јас и мојата партија сме на страната на Македонците и истото тоа го велам секогаш и овој пат пред вас: Силен и морален е оној што бара право и ќе го добие“.

Грчката заедница во Гетеборг на единаесеттата по ред македонска демонстрација, направи обид да ги испровоцира демонстрантите и да направи инцидент за шведските власти да ги забранат демонстрациите. Грците меѓу демонстрантите уфрлија своја жена да испровоцира инцидент, но нејзиниот обид беше откриен и спречен. На крајот на демонстрацијата, истата Гркинка, вторпат се обиде да испровоцира. Овој пат имаше намера да го скине македонското знаме, но беше спречена од Драги Велјановски-Финецот од битолското село Добрушево.

Во наредните седум демонстрации ништо посебно не се случуваше. Демонстрантите се собираа на постојаното место и го искажуваа големото незадоволство од одолжувањето на донесување одлука на ЕЗ за признавање на Македонија, како суверена, независна и самостојна држава.

На 17-тата демонстрација, која се одржа на 16 мај 1992 година и беше последна, беше одлучено да се престане со демонстрирање, бидејќи целта е постигната и нема потреба од нови собирања.    
    
Македонците од Скандинавија демонстрираа пред данскиот парламент

Неколку илјади Македонци што работат и живеат во скандинавските држави, без разлика на нивното етничко потекло, верска или пак партиска припадност, на 9 април 1993 година, пред данскиот парламент во Копенхаген демонстрираа за признавање на Република Македонија од ЕЗ, без да се менува македонскиот симбол на знамето – сонцето со 16 краци. Главен носител на демонстрацијата беше Македонскиот сојуз, а учествуваа македонските клубови и друштва, комитети на ВМРО-ДПМНЕ и на македонските црковни општини на Данска, Шведска, Норвешка и Финска. Тие остро протестираа на одлуката на ОН Македонија во светската организација привремено да биде примена под референцата БЈРМ.

Демонстрантите му оддадоа јавна благодарност на тогашниот дански министер за надворешни работи г. Јенсен, кој ја поддржа македонската политика за признавање на македонската држава за самостојна и независна држава. Од импровизираната сцена на присутните им се обратија Ерик Сузби, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Данска, и Шарлота Антсенсен, членка на данскиот парламент, која ги поздрави барањата на демонстрантите и на македонскиот народ самите да одлучуваат за името на државата и за симболите, како што сите држави во светот одлучиле, така и Македонците и нивната држава да бидат ословувани со уставното име. Делегација од демонстрантите во данскиот парламент достави протестно писмо, во кое беше изразен револтот на Македонците за недемократската и понижувачка политика што ја води Европската заедница кон Македонија и македонскиот народ.
 
(продолжува)

Нова Македонија

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top