На прво место

Наместо за закон за јазици, дадете да зборуваме за економија и за Македонија

Мицкоски: Објавувањето на Законот за јазици без потпис на Иванов е ново кривично дело

По изјавите на претседателот на Собранието Талат Џафери дека Законот за јазици ќе го објави во Службен весник, преку социјалните мрежи се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вели дека објавување на Закон за јазици без потпис од Претседателот на државата претставува ново кривично дело за кое доколку се случи сега или подоцна, одговорност мора да има.

-Во Македонија веќе се воспоставува пракса на владеење со преседани, кои ја подриваат правната држава и владеењето на правото. Не ни треба нов преседан кој ќе стане пракса. Исто така подеднакво важна е и дилемата зошто повторно се актуелизира од страна на власта ова прашање. Премиерот Зоран Заев знае дека Владата нема никакви резултати во поглед на економијата, каде имаме вистинско цунами а во однос на надворешната политика сензитивен период во поглед на прашањето за името, па им треба ново замајување на јавноста со големи теми меѓу нив и етничките прашања кои им служат за колективна хипноза, теми кои во реалноста ниту за еден промил нема да ја подобрат состојбата на Албанците кои живеат исто лошо како и Македонците. Па така етничките теми, каде се манипулира со чувствата на граѓаните, било тоа да е законот за јазици или пак случајот Монструм се димната завеса кои треба да го отргнат вниманието од реалните теми каде има вистински хаос. Па преку овие измислени прашања ќе ловат виновници, ќе создаваат поделби, а себе си ќе се прикажуваат за спасители, напредни политичари и реформисти, а за сите конфликти и поделби за свесно сервираните прашања кои создаваат етнички поделби и разлики треба повторно да биде виновно ВМРО, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека во суштина тоа е битка за спас на власта поради бенефитите кои таа ги носи, а не поради доброто на државата и граѓаните, битка која е за спас на политичката кариера на Зоран Заев.

-Но тоа нема да помине, особено што неуставниот закон за јазици, или пак лагите и манипулациите со случајот Монструм и останатите теми кои создаваат етничка нетрпеливост се теми произведени од СДСМ за дефокусирање на јавноста и владеење со конфликти. Наместо да трошат време на тоа како да го заобиколат законот, нека го повлечат законот за јазици и преку опширна анализа, низ транспарентна постапка и широка вклученост на стручната јавност, заеднички да го направиме законот уставен и применлив. Од вакво нешто никој нема да загуби. И конечно наместо за закон за јазици, дадете да зборуваме за економија и за Македонија. Тоа е заедничкиот бенефит за сите граѓани, кои сеуште го чекаат подобриот живот, кој еве никако да дојде, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top