На прво место

Брзо ќе дојдат изборите!

Груевски: Новиот клинички центар ќе чини можеби и 7 пати повеќе од оној кој ние го градевме, граѓаните ќе чекаат најмалку меѓу 13 и 15 години

Осмо, ако за сегашниот проект беа потребни 120 милиони евра, првичните пресметки беа дека за овој проект потребни се најмалку меѓу 450 и 500 милиони евра. И како што тоа бива, при градењето, цената ќе се помести можеби и до 600 до 800 милиони евра за се ова заедно. Значи поскапо за 4 до 5 пати, а можеби и 7 пати. Уште колку клиники и болници низ Македонија ќе изградевме со тие пари. Уште колку медицинска опрема и апарати ќе се набавеа за другите болници и клиники во Скопје или во Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Струга, Радовиш… Плус, како што разбрав, а има и логика, таму, освен студентски дом, треба да се гради и нов објект на медицинскиот факултет и многу други објекти, напиша Груевски на Фејсбук.

Статусот на Никола Груевски ви го пренесуваме во целост

Ова се 10 аргументи зошто владата која ја предводев се определи за градба на сегашната локација во комплексот клиники Мајка Тереза, а не во населбата Бардовци. И зошто ќе беше подобро владата на Заев да го продолжи тој проект:

Прво, земјиштето каде треба да се гради, 90 осто е приватно. Значи потребно е време и пари за експропријација. Дополнително, дел од земјиштето на кое планираат градба е дел од контактната зона на археолошкото наоѓалиште Скупи, што сериозно ја комплицира ситуацијата и бара многу време за решавање на ова прашање.
Да го занемариме прашањето што во склоп на Скупи предвидено е обновување на амфитеатарот од римскиот период кој е три пати поголем од охридскиот со вкупно 9 илјади места за седење, проект кој почна со градба, но на самиот почеток со трансферна власта се прекина. Се разбира Клиничкиот центар е далеку поважно прашање од обновата на амфитеатарот.

Второ, потребно е носење на нови урбанистички планови каде ќе се градат објектите, кои ако денес се почнат за една година нема да се готови.

Трето, потребен е комплетно нов проект за тој нов Клинички центар. Парите и времето потрошени за сегашниот одат во корпа за ѓубре. Плус ќе треба да се плаќаат и пенали за прекин на проектот кој се започна околу 5 милиони евра. Ќе треба изработка на прво идеен, па основен, па ревизија, па избор на надзор… Претходно, потребно е заедно со банката која ќе го финансира да се избере меѓународно етаблирана консултантска куќа која ќе го спроведува и надгледува проектот, на која не и се брза.

Четврто, потребно е прво урбанистички планови, експропријација, финансирање, и проектирање, па потоа градба на нови огромни булевари кон новиот Клинички центар, влез – излез кон центарот на градот од најмалку две страни, во случај некогаш едната да се блокира, за што треба и многу време и многу пари. Покрај нови булевари од центарот кон новиот Клинички центар, потребно е и градба на дел од автопат и клучка која би го поврзала клиничкиот центар со обиколницата, што е нормално кога веќе се бира таа локација. Логиката и евентуалната предност на новата локација е да лесно и брзо се стигнува до клиниките, а не да се заглавува во сообраќајниот метеж.

Петто, потребно е проектирање, финансирање и градба на комплетно нови, со многу поголем капацитет инсталации за водоводна мрежа, канализациска мрежа со пречистителни станици, електрична мрежа и оптика за нормално функционирање на новиот Клинички центар или комплекс клиники. Потребна е изградба и на комплетно нова мрежа за греење и затоплување, вклучувајќи и довод на гас.

Шесто, потребна е нова финансиска конструкција за обезбедување кредит. Ова сега пропаѓа и се е од почеток. Нови процени, елаборати, молби, лобирања, преговори, меморандуми, преддоговори, договори, бордови, фази, гаранции, закони… Тоа значи месеци, ако не и години преговори со банките околу условите. Нивните процедури се долги и бавни. И сакаат проверка на секој детаљ во постапката.

Седмо, постојните објекти на инфективна клиника, кардиологија, хирургиите и други, кои во план е да се задржат и реновираат и повеќето со топол премин да се поврзат со новиот објект нема да се искористат, па ќе треба новиот објект да е многу поголем за во него да се сместат и овие клиники и со тоа и многу поскап. Со задржувањето на овие објекти и трошок само за нивно реновирање и доопремување, се заштедуваа многу средства.

Осмо, ако за сегашниот проект беа потребни 120 милиони евра, првичните пресметки беа дека за овој проект потребни се најмалку меѓу 450 и 500 милиони евра. И како што тоа бива, при градењето, цената ќе се помести можеби и до 600 до 800 милиони евра за се ова заедно. Значи поскапо за 4 до 5 пати, а можеби и 7 пати. Уште колку клиники и болници низ Македонија ќе изградевме со тие пари. Уште колку медицинска опрема и апарати ќе се набавеа за другите болници и клиники во Скопје или во Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Струга, Радовиш… Плус, како што разбрав, а има и логика, таму, освен студентски дом, треба да се гради и нов објект на медицинскиот факултет и многу други објекти.

Деветто, колку време треба за сето ова? Ако беше владата на ВМРО-ДПМНЕ која јас ја раководев и водев или некоја со такво искуство и капацитет на поединците во неа, со многу брзање, со многу посветеност, со многу притисок на сите нивоа од врвот па надолу, со услов општината Карпош и градот Скопје да го водеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и со капацитетот и стручноста на тие или такви министри и директори, како и нивни соработници, можеби би требало 6 или 7 години за да се заврши овој проект, под услов да не излезе нешто непредвидено. Со капацитетот и посветеноста на оваа политичка гарнитура предводена од СДСМ и ДУИ, најмалку 13-15 години, а можеби и повеќе, можеби и над 17 години, за да се заврши во целост и пушти во употреба. Со предвид, дека оваа влада нема долго да тера, нема ни да ги заврши подготвителните работи, а за изградба на централниот објект и да не помислуваме.

Десетто, со ангажманот на толку многу повеќе пари, земени со кредит, ќе се намали просторот за кредит за други капитални инвестиции, како на пример други нови болници или апарати во други градови, патишта, хидроцентрали, гасни централи, железница, итн. Бидејќи земјата има лимит на задолжување. Надвор од тој лимит и не може и не смее, бидејќи ќе влезе во презадолженост. Значи одлуката за дислокација на Клиничкиот центар, освен што ќе биде 4 до 5 пати поскапа, ќе земе дополнителни десет години за нејзина градба, време во кое многу граѓани во поодминати години или со потешки заболувања, можеби нема да дочекаат да ја видат и користат, туку ќе оневозможи и градба на други крупни, значајни и потребни инфраструктурни проекти во земјата, како болници, градинки, патишта, хидроцентрали, гасоводи, водоводи, железници и слично.

Сепак, брзо ќе дојдат изборите…

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top