На прво место

Според триото Зоран, Вице и Васко, камионите ова го правеле без никаков договор

Заев и Ковачевски се повеќе се заплеткуваат во криминалната мрежа

Зоран Заев и Васко Ковачевски ги потценуваат граѓаните и се повеќе се заплеткуваат во криминалната мрежа.

Зоран Заев и Васко Ковачевски се обидуваат да ја убедат јавноста дека камионите кои биле во сопственост на „Тотал инжинеринг“ од Струмица се шверцувале во РЕК Битола. Верзијата што Зоран Заев, Вице и Ковачевски ја смислиле е дека камионите со струмички таблички и ознаки на „СВ Инвест“ од Битола среде бел ден, незабележани од никого, влегувале во кругот на РЕК Битола, извршувале работи за комбинатот и потоа повторно незабележани од никого, си заминувале. Нормално, според триото Зоран, Вице и Васко, камионите ова го правеле без никаков договор и без никаков надомест.

После ваквата одбрана на триото „Минхаузен“, нема граѓанин кој што не го интересира каде може да се најдат шофери и камиони кои ќе дојдат, ќе сработат и ќе си заминат без никаков надомест?

Да не беше трагично, ќе беше смешно!

Вчера Заев велеше дека немал ништо со камионите, а денес појаснува дека Вице имал механизација ама наводно ја продал. Секој ден различен став за да се сокрие вистината за криминалот. Признанието на Заев само ги потврдува сомненијата дека фирмата „СВ Инвест“ од Битола вршела превоз на јаглен со камионите во сопственост на „Тотал инжинеринг“ во периодот кога се направени снимките.

Истражните органи мора да соберат храброст и да ги испитаат сомнителните бизниси на криминалниот картел во власта. Ваквите дела не застаруваат и доколку се обидат да ги прикријат незаконските активности, по враќањето на правната држава предметите ќе бидат повторно отворени.

Се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – АРАНЃЕЛОВДЕН

21 ноември / 8 ноември Овој празник во народниот живот на Македонците е познат како Аранѓеловден и претставува една од позначајните семејни слави во македонската православна традиција. Свети Архангел Михаил во христијанското предание Името Михаил потекнува од еврејското име Михаел, што се толкува како „Кој е како Бог?“. Во Светото писмо Архангел Михаил е претставен […]

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА)

Воведението на Пресвета Богородица во храмот, во македонската народна и православна традиција познато и како Пречиста, е еден од големите Богородични празници во православното христијанство. Се празнува на 21 ноември според јулијанскиот календар, односно на 4 декември според грегоријанскиот календар. Во македонската православна традиција празникот е познат под името Пречиста или Воведение на Пресвета Богородица. […]

Кога се сака, речиси сè се може: Комерцијална банка влегува во трката за Алта банка Битола

Опис за главната слика: Илустративен колаж на Алта банка Битола и Комерцијална банка, изработен со ChatGPT во формат 3:2. Одлуката на Комерцијална банка да учествува на берзанската аукција е конкретен чекор кон изнаоѓање нов сопственик за битолската банка. На 30 ноември на Македонската берза ќе бидат понудени 95,336 отсто од нејзините акции. Премиерот Христијан Мицкоски […]

Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

На состанокот на Коалицијата на волните во Берлин беше нагласена потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД за завршување на војната. Македонска делегација, во која учествуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, присуствуваше на состанокот на Коалицијата на волните во Берлин, посветен на актуелната состојба во Украина и на […]

To top