На прво место

ВМРО-ДПМНЕ мора да ја преиспита (не)ефикасноста на коалицијата “За подобра Македонија”

Антонио Милошоски

ВМРО-ДПМНЕ мора да ја преиспита (не)ефикасноста на коалицијата “За подобра Македонија”

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите 2016та донесе одлука за заеднички настап со 23 политички партии во предизборната коалиција “За подобра Македонија”. Истото беше потврдено и пред локалните избори 2017та. Овие партиски одлуки сеуште се на сила, но во реалноста коалицијата “За подобра Македонија” е далеку од сплотеноста и ефикасноста за која беше создадена како заеднички повеќепартиски проект. Но ВМРО-ДПМНЕ мора да ја преиспита функционалноста на коалицијата како предуслов за утврдување на сопствениот партиски коалиционен капацитет.
Добар број од коалициони партнери, како што се Сојузот на Ромите, ГРОМ, Демократската партија на Турците и други, добија многу повластици, логистичка поддршка и битни позиции во изминатите 10 години, најчесто на сметка на ВМРО-ДПМНЕ како водечка партија, но истите денес не возвраќаат со нивната основна обврска за опозициска солидарност и заедничко делување согласно принципите на коалицијата. Недефинирана е и поставеноста на Социјалистичката партија, додека пак Титовите леви сили, освен за подбив, тешко се корисни за друга улога. Демократската партија на Србите во последно време е радо виден гостин во Москва, но дали тоа е во склад со определбите на ВМРО-ДПМНЕ е тема за сериозна размисла од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Сите овие партии имаат свои пратеници, советници или други раководни позиции на различни нивоа, со или без кои значително се менуваат ресурсите за опозициони политичко делување на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа партијата веќе нема простор и не смее повеќе да чека, туку има обврска да превземе неколку сериозни чекори:
1. Билатерални средби со раководствата на сите коалициони партии, особено со наведените, каде ќе се расчисти дали сме и со кого сеуште ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција ; и кои се причините, доколку коалициониот брак веќе не функционира.
2. Извештај од сите Општински комитети за состојбата на коалицијата на локално ниво и за дејствувањето на коалиционите советници/ функционери во или без координација со ВМРО-ДПМНЕ.
3. Извештај од пратеничката група во Собранието за заедничкото или одвоеното функционирање на пратениците од коалиционите партии.
4. Свикување на ЦК и утврдување на фактичката состојба на коалицијата “За подобра Македонија” и носење соодветни одлуки за редефинирање или распуштање на истата.
5. Утврдување на одговорност за новонастанатата состојба; дали тоа се должи на погрешни потези на ВМРО-ДПМНЕ или на несоодветни дејствија на коалиционите партнери или како резултат на други влијанија (притисоци и уцени од власта, смена на партиските водство и политики и сл.), за да може да се извлечат заклучоци и поуки за основите и потребата за коалицирање или некоалицирање со некои партии во иднина.
6. Дали и кои коалициони партнери ќе го поддржат “мајскиот” митинг во Јуни, со колку капацитет и членство, и кој претседател од овие партии ќе се обрати на истиот?
И на крај моето скромно мислење, поздраво за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прво да се распушти коалицијата “За подобра Македонија” и да се почне од ново, или истата драстично да се редуцира. И второ, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи идејата за една изборна единица и на тој начин како носечка партија да се ослободи од нужноста да влече во коалицијата партии кои не се релевантни, а преку поголемите партии стануваат некои фактори во Собранието или во советите. Со една изборна единица нема да има голема потреба од предизборни коалиции, секоја партија ќе може да се измери колку и тежи довербата, а потоа во Собрание да се коалицира на основа на програми и интереси, наместо после избори да се менуваат коалициски дресови и на тој начин да се изигрува вољата на гласачите.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top